Независниот Николовски со поддршка од Левица за подобра Битола

September 9, 2025
2 mins read

Првиот човек на партијата Левица во Битола, советникот Горан Велевски дава јавно образложение зошто застанаа зад кандидатурата на независниот кандидат за градоначалник на Битола, архитектот Зоран Николовски. Велевски вели дека Левица застана зад кандидат без коруптивен багаж, чесен човек, докажан во својата бранша. Оттука Велевски вели дека време е за архитект на чело на градот.

Велевски испраќа порака до јавноста дека како политичка партија која за прв пат дејствуваше во Советот на Општина Битола со двајца советници (Горан Велевски и Гаврил Трајковски), наишле на многу спорни и лажни ветувања кои ја заобиколуваат вербата на битолчани. Со оглед на искуството кое го стекнале, не барале ни доктор, ни новинар, ни професор… за кандидат за градоначалник барале човек со визија и проекти за градот кои не се пишувани само на парче хартија, туку прецизно архитектонски и отворени за градот.

„Поддршката која ја даде Левица за независниот кандидат за градоначалник, архитектот Зоран Николовски е од суштинско значење за градот, секој на свој начин носи некој и нечиј багаж, дали политички или приватен, но не и корумпиран, ако е тоа мерило за градот, тогаш да се прашаме до каде стигнавме со овие партиски елити? Мора да излеземе од прангите на политичкото мислење кое ни го креираат една рака партиски поединци за лични интереси! Истите луѓе си ги менуваат столчињата со долгогодишни мандати, сега зборуваат како празна лента за иднината на Битола. На секој жител му е доста од досегашните, но за идните им ‘возат’ наратив кои го конотираат во негативна визија, особено партиските структури кои работат под диктат да го омаловажат секого. Повеќе е од јасно, сите кадри кои се инволвирани за политичкото расположение на битолчани носат повеќе од политички багаж, лажен и го тонат градот до максимум!

 

Затоа, дадовме поддршка на визионерски проекти кои се појавуваат со искуството на Зоран Николовски за кои сметаме дека се најдобрите кои јавноста ќе има прилика да ги види во неговата тековната кампања за разлика од неговите против кандидати кои не се потковани да се носат со ваков  човек каков што е Николовски“, вели Велевски.

Во образложението советникот уште додава  дека – „Николовски е чесен човек кој умее со своето лично знаење за доброто на градот, за разлика од другите против-кандидати на кои им креираат тимови  затоа што не доаѓаат од таа фела со која се носи градоначалничката столица. Доколу не умееме да се носиме во здравство, образованието и новинарството каде што им е адекватната позиција, зошто би деградирале човек кој што се носи со фелата и делата како архитект кој го познава градот и неговите проекти како докажан во својата бранша.“

Накрај Велевски порачува дека – „испративме поддршка до независен кандидат, но нашата идеолошка страна како Левица продолжува за Битола.“

Советникот Велевски изразува надеж дека на локалните избори ќе бидат побројни како Левица во Советот на општина Битола со повеќе советнички мандати што е одраз на поддршката на битолчани во изминатиот период.

„Како Левица, покажавме доволно со двајца советници и нашата цел е да продолжиме со поголем број советници да предлагаме и да се бориме против корупцијата и незаконското владеење на која и да е власт. Очекувањата и поддршката се големи кои ги добиваме од граѓаните, без разлика на сплетот кои што го наметнуваат од стравот на другите политички субјекти.  Да не дозволиме истите луѓе со долгите советнички мандати да влијаат на битолчани, претходно не покажувајќи никакви резултати за подобар живот на граѓаните на Битола“, порачува Велевски.

Извор: Апла.мк

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пробиштип остана и без Дом за стари лица

Следно

Поради неидентификуван летачки објект, летовите на аеродромот во Вилнус се прекинати

Latest from Blog

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши
Go toTop