Невил: Саутгејт треба брзо да најде решенија за проблемите или работите ќе завршат лошо

June 21, 2024
1 min read

Менаџерот Герет Саутгејт мора брзо да „најде решенија“ за проблемите во репрезентацијата на Англија или „работите ќе завршат лошо“, како што се случило многу пати во минатото. Ова го изјави аналитичарот и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил.

Англија тесно ја совлада Србија во првиот натпревар на Европското првенство, а потоа ремизираше 1:1 против Данска во вториот натпревар во групата Ц. Според повеќето медиуми, вицешампионите дури во значителен период биле надиграни од своите противници.

-Сега не е време за паника, но не можам а да не признаам дека чувството е познато. Мислам дека самиот Герет Саутгејт не го фати паника, но време е да се најдат некои решенија. Нешто мора да се промени бидејќи од првите два натпревари се издвојуваат некои загрижувачки работи, изјави Невил за ИТВ Спорт.

Невил се прашува дали големата количина на квалитетни напаѓачи го збуни Саутгејт и дали избра погрешни луѓе и позиции за Европското првенство.

-Прв пат ми се чини дека Гарет е во конфликт со себе бидејќи има премногу на располагање. За прв пат прашуваме како да ги внесеме Трент, Фоуден, Палмер и Белингем во ист тим. Можеби тоа му создава повеќе проблеми отколку решенија. Тоа не треба да биде така. Во следните 24 часа, Герет мора многу внимателно да размисли, а играчите мора да разговараат меѓу себе. Толку многу зборувавме за нивниот дух и за тоа како можат да преземат одговорност, но тие не играат добро и време е да најдат излез од ситуацијата, изјави легендарниот бек.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПО 26 ГОДИНИ БРАК: Илир Мета поднел барање за развод од Моника, таа сака да ги знае причините

Следно

Грција воведува шестдневна работна недела

Latest from Blog

Трамп: Куба бара помош

Тој ја објави својата порака на социјалната мрежа Truth Social пред неговата посета на Кина оваа недела. „Никој од републиканците никогаш не ми ја спомнал Куба, а тоа е неуспешна земја која

Првиот ФИФА терен во Македонија свечено пуштен во употреба во Босилово

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Омерагиќ: Босилово е првиот чекор на проектот „FIFA Arena“ во Македонија

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање
Go toTop