Неверојатно: На „Енфилд“ измерен земјотрес кога навивачите на Ливерпул ја славеа титулата

May 2, 2025
1 min read

Научниците од Универзитетот во Ливерпул потврдија дека навивачите на новиот шампион на Англија, Ливерпул, предизвикале вистински земјотрес додека го славеле освојувањето на шампионската титула. Гигантот од „Енфилд“ во неделата ја потврди 20-та титула во својата историја откако со убедливи 5-1 го совлада Тотнем и на спектакуларен начин ја заокружи совршената сезона во Премиер лигата.

Титулата беше прославена со големо славје на славниот „Енфилд“, каде 60.145 навивачи не престанаа да пеат и слават. Атмосферата била толку еуфорична што, според експертите, при прославата на головите дошло до вистински потрес на земјата.

Истражувачки тим од Универзитетот во Ливерпул, предводен од доктор Фарназ Камранзад, поставил сеизмичка опрема на самиот стадион со цел да го измери влијанието на реакциите на публиката. И резултатите биле фасцинантни: при голот на Алексис Мак Алистер во 24. минута билл измерен потрес од 1,75 степени по Рихтерова скала што е доволно силно да се регистрира како микро-земјотрес.

„Се работи за мали потреси, не доволно силни за да ги почувствуваат присутните на трибините, но дефинитивно значајни за да остават трага во сеизмичките записи“, објаснува доктор Камранзад.

Фото: Liverpool FC/FB

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германската разузнавачка служба ја класифицира партијата АфД како „докажана екстремистичка група“

Следно

Денес се вози 6-тата етапа од 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије

Latest from Blog

Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop