Нетанјаху вети дека ќе ги врати сите заложници од Појасот Газа

May 27, 2025
1 min read

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа вети дека ќе ги врати сите заложници – „и живи и мртви“ – од Појасот Газа, но не се осврна на американскиот предлог за прекин на огнот што претходно го спомена Хамас.

– Ако не можеме денеска, ќе го направиме утре, а ако не утре – задутре. Нема да се откажеме. Решени сме да ги вратиме сите – живите и мртвите, изјави Нетанјаху на говор по повод одбележувањето на „Денот на Ерусалим“.

– Нашата мисија – победа во војната, вклучувајќи ја и задачата да ги вратиме заложниците – е со нас секој ден и секоја ноќ. И вечерва, и нема да се откажеме од неа, додаде тој.

Претходно во текот на денот, во видео обраќање на неговиот канал на „Телеграм“, Нетанјаху рече дека „се надева“ оти ќе може да даде изјава поврзана со заложниците „денеска или утре“, без да открие дополнителни детали.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пукање кон куќа во Тетово, нема повредени, најдени 30 чаури од автоматско оружје

Следно

Силен земјотрес ја погоди Грција

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop