Нетанјаху пристигна во Будимпешта и покрај налогот за апсење на МКС поради воени злосторства во Газа

April 3, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утрово пристигна во официјална посета на унгарската престолнина Будимпешта, пркосејќи на налогот за апсење издаден за него од страна на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради воени злосторства во Газа, јавува Анадолу.

Според веб-страницата „Израел нешнал њуз“, Нетанјаху, придружуван од сопругата Сара, ја започнал четиридневната официјална посета на европската земја.

Допрва треба да се соопштат деталите за неговата агенда во Унгарија, но се очекува тој да се сретне со државниот врв.

Посетата на Нетанјаху на Унгарија е првпат тој да стапне на европска територија откако МКС издаде налог за негово апсење во ноември минатата година поради обвиненијата за воени злосторства во Газа.

Групите за човекови права, меѓу кои и Амнести интернешнал и Хјуман рајтс воч, ја повикаа Унгарија да го уапси Нетанјаху доколку пристигне во земјата и да го предаде на МКС.

Во ноември минатата година МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите воени акции во Газа, каде што уби над 50.400 луѓе по нападите на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трендафилов: Минималната плата дури го пробуши дното – Ралповски: Законот не вика дека треба 500 евра, туку дека треба законско усогласување!

Следно

Македонските ММА Борци подготвени За МФЦ 21!

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop