Трендафилов: Минималната плата дури го пробуши дното – Ралповски: Законот не вика дека треба 500 евра, туку дека треба законско усогласување!

April 3, 2025
1 min read

Во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 вчера гостуваа Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), и Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), каде главна тема на дебатата беше зголемувањето на минималната плата.

Трендафилов истакна дека минималната плата во Македонија е на исклучително ниско ниво, а според последните податоци, таа „го пробушила дното“. Според него, стратегијата на Владата не смее да биде одржување на работниците во сиромаштија, со што индиректно се обезбедуваат политички поени.

Тој додаде дека пратениците сега признаваат дека и минимална плата од 500 евра е недоволна за пристоен живот, што го сфатиле по неговиот предлог именуваните функционери да живеат со минимална плата во наредниот период.

„Пратениците почнаа да кукаат дека е тешко да се живее со 500 евра, а што да кажат работниците кои земаат 395 евра?“, праша Трендафилов, додавајќи дека владејачките структури покажале себичност кога се работи за работничките права – ги задржале патните трошоци и ги зголемиле своите плати за 78%, додека работниците останале со минимални примања.

Дополнително, Трендафилов посочи дека Македонија е трета земја во Европа каде Владата се обидува да ги потисне синдикатите и да ги елиминира од синдикалната сцена. Според него, социјален дијалог за минимална плата не се води само во Белорусија и Молдавија.

Од друга страна, Ралповски го доведе во прашање барањето на ССМ за минимална плата од 500 евра, барајќи појаснување за основата на оваа сума. Тој нагласи дека почитувањето на законите е клучно за континуиран раст на платите и обвини дека одредени синдикални активности во минатото биле популистички.

Во текот на дебатата, двајцата синдикални лидери разменија жестоки аргументи околу улогата на синдикатите во борбата за повисоки плати, при што Трендафилов истакна дека платите во јавниот сектор почнале да растат токму поради притисокот од ССМ.

Ралповски возврати дека зголемувањето на платите не е заслуга само на ССМ, туку и на другите синдикати кои се бореле преку штрајкови и протести.

Во однос на зголемувањето на минималната плата, Ралповски нагласи дека законските одредби мора да се почитуваат и дека минималната плата треба да се усогласува според утврдени економски механизми, а не врз основа на политички одлуки или популистички притисоци.

Трендафилов, пак, предложи зголемување на платите за 6.000 денари со тоа што Владата ќе ги субвенционира придонесите на работодавачите. Според него, Владата не треба да тврди дека нема средства, бидејќи тие пари ќе останат во буџетот.

На крајот од дебатата, Ралповски најави дека просветните работници ќе добијат зголемување на платите од 7%, што ќе изнесува околу 4.000-4.500 денари.

Дебатата во „Бизнис21“ покажа дека и покрај заедничката цел за подобрување на работничките права, синдикатите остануваат поделени во пристапот и стратегијата за зголемување на минималната плата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Ветото поради билатерални прашања нанесува штети на целиот процес на проширување на ЕУ

Следно

Нетанјаху пристигна во Будимпешта и покрај налогот за апсење на МКС поради воени злосторства во Газа

Latest from Blog

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа

Остра реакција на Исланд поради објавата на Трамп- повикан на разговор американскиот амбасадор

Исланд го повика американскиот амбасадор во Рејкјавик на разговори откако претседателот Доналд Трамп објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа Исланд и други земји под знамето на САД, објави исландскиот

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина

Британија сака да го санкционира Израел, од таму одговорија: Ќе ги признаеле Фокландските острови за аргентински

Реакцијата следеше по медиумските извештаи дека Лондон се подготвува да воведе нов пакет санкции против Израел. Остри одговори од израелските министри Министерот за финансии Безалел Смотрих побара итно протерување на британскиот амбасадор.
Go toTop