Нетанјаху потврди дека Галант останува министер за одбрана

April 10, 2023
1 min read

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва потврди дека Јоав Галант ќе остане министер за одбрана и истакна дека израелските безбедносни сили ќе се спротивстават на тероризмот на „сите фронтови“.

„Во изминатите денови, ние (Нетанјаху и Галант) работевме на сите фронтови соочени со повеќе предизвици. Има сериозни разлики меѓу нас, но решив да ги оставам зад нас. Галант останува на функцијата министер за одбрана и ние ќе продолжиме да соработуваме заради безбедноста на граѓаните на Израел“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање до јавноста.

Израелскиот лидер го разреши Галант на 26 март, еден ден откако министерот за одбрана се изјасни против контроверзниот план за реформирање на судскиот систем на земјата.

Одлуката за смена на Галант предизвика бран спонтани масовни протести и генерален штрајк што се закануваше да ја парализира земјата, принудувајќи го Нетанјаху да го суспендира планот за реформи.

По изјавата на Нетанјаху, Галант на Твитер објави дека ќе продолжат да соработуваат „со полна сила за безбедноста на Израел“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Д-р Тахир за МИА: Пациентите се најмалку виновни за нашата незавидна состојба во општествениот систем

Следно

Украина и Русија разменија над 200 воени затвореници

Latest from Blog

Кога страста и заљубеноста ќе поминат, еве кои особини мажите никогаш не ги забораваат кај жените

Машко-женските односи честопати делуваат комплицирано, вистинската поврзаност помеѓу мажите и жените не почива на големи гестови и површински особини. Љубовта што трае не се заснова на минливиот изглед, ниту на тоа колку

Хаос во Белград: Масовна тепачка меѓу српските навивачи (ВИДЕО)

Убедливата победа на Англија од 5-0 над Србија во Белград беше засенета од срамни сцени на трибините, каде што полицијата мораше да интервенира поради масовна тепачка меѓу домашните навивачи. Додека Англичаните доминираа

Поранешниот премиер на Тајланд и најбогатиот црногорски државјанин оди во затвор

Врховниот суд на Тајланд објави дека поранешниот премиер Таксин Шинаватра мора да отслужи едногодишна затворска казна за претходни пресуди за корупција и злоупотреба на службената должност. 72-годишниот Шинаватра, кого црногорските медиуми го

Денес е преподобен Мојсеј Мурин

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 август. Преподобен Мојсеј Мурин Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше разбојник и водач на разбојничка дружина. Потоа покајник
Go toTop