Нетанјаху по убиството на тројцата заложници во Газа: Ќе ги научиме лекциите, но часовникот не можеме да го вратиме

December 16, 2023
1 min read

Ние се бориме за нашето постоење и мораме да продолжиме до победата и покрај меѓународниот притисок и загубите што Израел ги трпи, вели Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“

ФОТО: EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција во Тел Авив кажа дека вчерашното трагично убиство на тројцата израелски заложници од страна на ИДФ „го скрши моето срце, ги скрши срцата на нацијата“. Тој нагласува дека копнената операција на ИДФ ќе продолжи, а војната ќе трае се додека Хамас не биде уништен.

„Ние се бориме за нашето постоење и мораме да продолжиме до победата и покрај меѓународниот притисок и загубите што Израел ги трпи“,

вели Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој кажа дека жали за трагичната смрт на тројца кои по грешка беа убиени вчера од војниците на ИДФ.

„Лекциите ќе ги научиме, но, не можеме да го вратиме часовникот назад“,

додаде тој, истакнувајќи дека сите војници знаат дека „растојанието помеѓу победата и катастрофата е влакно“.

Нетанјаху нагласил „Израел ќе ги задржи воените и дипломатските напори да ги врати назад сите заложници“, пренесува „Тајмс од Израел“.

Израелските одбранбени сили, вчера, соопштија дека тројца израелски заложници во Газа по грешка биле идентификувани како закана и биле застрелани.

Според портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари претставниците на војската „претпоставуваат дека тројцата убиени Израелци или избегале или биле напуштени од терористите“ за време на тековните борби во Газа.

Откако израелската армија призна дека по грешка убила тројца заложници во Појасот Газа, кои ги држела палестинската милитантна група Хамас, стотици граѓани протестираа пред Министерството за одбрана во Тел Авив.

Демонстрантите носеа транспаренти и фотографии од околу 130 заложници, за кои Израел верува дека сѐ уште се заложници на Хамас во Појасот Газа и ја повикаа владата на Бенјамин Нетанјаху да обезбеди ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снег со слаб интензитет вечерва на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресека

Следно

Израелски војник убиен во напад од јужен Либан, соопшти ИДФ

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop