„Нетанјаху нема да се ослободи од проклетството поради убивањето недолжни, ни Хитлер,Милошевиќ, Караџиќ, кои ги имитира“

May 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес го осуди Израел поради последните напади на кампот во Рафа во кој се наоѓаат раселените Паелстинци во безбедната зона, известува Анадолу.

„Неделниот напад врз Рафа што следуваше по одлуката на МСП, ја разоткри подмолната и крвава природа на терористичката држава (Израел)“, истакна претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул.

Претседателот Ердоган го осуди израелскиот премиер, велејќи: „Нетанјаху и неговите браќа убијци се обидуваат да го продолжат политичкиот век со масакри над недолжни луѓе, бидејќи не можат да го скршат отпорот на Палестинците.“

„Нетанјаху нема да може да се ослободи од проклетството поради убивањето недолжни, како ниту [Адолф, заб. авт.] Хитлер, [Слободан] Милошевиќ, [Радован] Караџиќ, кои ги имитира“, рече Ердоган.

Претседателот Ердоган нагласи и дека Туркије ќе стори сѐ што е во нејзина моќ за да обезбеди тие [израелските, заб. авт.] варвари да бидат изведени пред лицето на правдата за злосторствата што ги извршиле.

Најмалку 35 лица се убиени, а десетици се повредени синоќа во израелскиот напад на камп во безбедната зона во Рафа, во кој се сместени раселените лица.

Нападот се случил во близина на логистичката база на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Тал ал-Султан, информираше Канцеларијата за медиуми во Газа.

Израелските авиони гаѓале неколку шатори во тоа подрачје, соопшти Канцеларијата за медиуми, додавајќи дека во нападот се користени ракети и бомби.

Претходно Цивилната заштита на Газа соопшти дека по бомбардирањето транспортирале 50 луѓе, вклучувајќи убиени и ранети. Споменатото подрачје им дава засолниште на најмалку 100.000 раселени лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг: Одбраната, Украина и глобалните партнерства во фокусот на самитот на НАТО во Вашингтон

Следно

Хаваријата на Хируршки клиники може да го крахира здравството

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop