Нереална сцена: Флик речиси во солзи, Рафиња го теши (ВИДЕО)

November 30, 2025
1 min read
Фото:Screenshot:/Twitter

Барселона го победи Алавес со 3-1 во 14-то коло од Ла Лига, но се чини дека тренерот Ханси Флик не беше премногу среќен. Сцената од клупата јасно го покажува тоа.

Триумфот против Алавес на стадионот „Камп Ноу“ не му донесе многу радост на Ханси Флик. Тој остана да седи на клупата некое време, а го тешеше Бразилецот Рафиња. Германскиот стручњак седеше и размислуваше, речиси во солзи. Потоа Рафиња му се приближи и му кажа одредени работи.

На прес-конференцијата, Флик го изрази своето незадоволство од лесното губење на топката.

„Најважно е што победивме, но има некои работи што воопшто не ми се допаѓаат. Повторно изгубивме премногу лесни топки. Имаме премногу повреди оваа сезона. Но, мора да се подобриме. Тоа го правиме на секој натпревар. Не ми е гајле за статистиката од минатата година. Оваа ми е важна.“

Барселона моментално е на првото место во Ла Лига и ќе остане таму барем до дуелот меѓу Реал и Џирона.

Барселона има навистина тежок распоред до божиќната пауза, па не е ни чудо што Ханси Флик е малку загрижен. Големото дерби со Атлетико Мадрид доаѓа во вторник, а овој викенд има уште еден првенствен судир, на гости против непријатниот Бетис.

Новиот натпревар на Барса во Лигата на шампионите е дома против Ајнтрахт Франкфурт, а во првенството ќе ја пречекаат и Осасуна, а ќе гостуваат кај големиот Виљареал.

Комплетниот распоред вклучува и натпревар од Копа дел Реј, каде што Флик веројатно ќе игра со играчи кои не играат многу.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нагло порасна бројот на жртви во големиот пожар во облакодерите во Хонг Конг

Следно

Швајцарците гласаат за воведување граѓанска служба и за данок на наследство

Latest from Blog

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.
Go toTop