Неполна недела до првиот круг од претседателските избори

April 20, 2024
1 min read

Финишира предизборната кампања пред првиот круг претседателски избори, кој ќе се одржи во среда на 24 април. Неполна недела до првиот круг од претседателските избори, кандидатите продолжуваат со кампањата. Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван денеска ќе ги посети жителите на ново село, Босилово, Василево, а митинзи ќе одржи во Радовиш и во Струмица. Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево. Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржат митинг во скопската населба Карпош, а кандидатот за претседател на движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ресен, Претор, Новаци и во Битола. Во Битола вечерва е и кандидатката за преседателка поддржана од Левица Билјана Ванковска, која пред тоа има средби со граѓани во Ресен. Кандидатот за претседател од ДУИ Бујар Османи е на средби со граѓани во тетовско, а кандидатот за претседател од коалицјата Вреди, Арбен Таравари е на средби со дијаспората.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Абас: Америка ги прекрши меѓународните закони, ветото на нацрт-резолуцијата на СБ на ОН е „агресија“ врз Палестинците

Следно

Поранешниот светски рекет број 1 Мугуруза се пензионира

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop