Ненад Зимоњиќ во интервју за КУРИР: Сакам да ме паметат прво како добар човек, а потоа како познат тенисер и успешен спортист

September 6, 2024
13 mins read

Доколку во тенисот постои поим “РЕНЕСАНСЕН ЧОВЕК” (тенисер кој се остварил во повеќе улоги), тоа дефинитивно би му одговарало на најдобриот тенисер на сите времиња во дубл конкуренција српскиот тенисер Ненад Зимоњиќ.

Како спортист кој целиот свој живот се натпреварува и секогаш сакал да даде максимум, се оствари во тенисот, љубовта која трае без разлика на сите тешки ситуации низ кои поминувал во животот.

Од војни, сакнции, недостаток на финансиски средства до врвот на светскиот тенис каде до ден денес големите светски имиња од овој спорт како Агаси, Сампрас, Моја, Ѓоковиќ, Федерер, Надал и многу други имиња гледаат со респект, сакаат да соработуваат со него и пред се го почитуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nenad Zimonjić (@nenadzim)

Зад неговото име и презиме стојат 54 титули од кои 8 Грем Слем трофеи, 15 Мастерс титули , два завршни Мастерс турнири и Дејвис Куп титула освоена со репрезентацијата на Србија.

Кариера достојна за почит и остварување на сонот за кој целиот свој живот вредно работел и тренирал се до исполнување на целта, но како и самиот што вели се уште учи , сака да напредува и целокупното свое знаење и искуство сака да го пренесе на сите кои сакаат да учат од него.

Кои се твоите почетоци во тенисот?

Се започна на терените на ТК Црвена Звезда, иако тенисот не беше популарен спорт во тој момент кај нас и како сите други деца во тоа време игравме фудбал и кошарка, во училиштето се тренираше одбојка и ракомет како  други спортови каде искрено бев доста успешен. Со моите другари тогаш каде и да одеа на тренинг нивните тренери бараа од мене да останам и да пробам да тренирам било кој спорт. Буквално од мали нозе веќе се виде мојот талент, но само се чекаше кој спорт ќе го одберам и каде патот ќе ме одведе.

Тенисот беше сосема случајно. На мојот татко неговиот колега играше тенис рекреативно. И токму на иницијатива на мојот родител одиме на тениските терени каде неговиот колега не сретна во тој момент и му рече на татко ми да ме однесе на терените на ТК Ц. Звезда каде што имало селекција и тестирање на деца кои би сакале да тренираат во овој спорт.

Од  вкупно 200 дечиња, кои се појавија на тоа тестирање јас поминувам во следниот круг и така се започна и влегов во светот на тенисот. Бргу го сфатив и го засакав овој спорт и доста бев успешен од самиот старт. Некои дечиња кои беа пред мене беа во клубот тогаш не само што ги стигнав, туку почнав да бидам убедлив во својата игра во тоа време и да триумфирам на клупскиот турнир кој што се одржа и беше еден вид мој одскочна даска за понатаму.

Победникот добиваше  рекет како награда, не плаќа членарина година дена и клубот му овозможува да учествува на турнирите ширум тогашната земја Југославија. Првиот тренер кој го имав беше Горан Бубањ, а потоа тренирав со Драган Савиќ со кој станав шампион на Југославија во категорија тенисери до 12 години.

Бо тие години во својата генерација бев многу добар во таа конкуренција. Толку бев добар во тоа време да имав свој спонзор на 14 години Поради тој спонзор се случија некои непланираи работи кои беа несвојствени и чудни да во тој момент неможев да тренирам на терените на ТК Партизан и ТК Црвена Звезда. Затоа наредните две години тренирав во Панчево каде продолжив вредно да работам и да си го живеам својот сон и да уживам во љубовта која што ја имав кон тенисот.

Пред да започне војната на првенството на Југославија до 15 години во Загреб во која категорија имаше и тенисери кои се постари една година од мене играв финале и завршив како втор. Правилото тогаш на федерацијата беше финалистите од националното првенство да ја представуваат Југославија на Европско Првенство кое таа година се одржуваше во Барселона, Шпанија. Тоа за мене беше последен турнир кој го одиграв во таа поранешна држава.

Наредната година во Србија во мојата категорија освоив се што можеше да се освои, но тогаш започна војната и мојот спонзор реши да се повлече поради настананата ситуација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nenad Zimonjić (@nenadzim)

Среќата ги прати храбрите па во тој момент се појавува бизнисменот Љуба Стојиќ од Тузла каде неговиот син е моја генерација и решава мене да ме спонзорира, но и тој поради војната мораше да се повлече, но се направи да  најде друг спонзор заедно со тогашниот мој тренер за да можам да продолжам и успеваат во тоа. Продолжувам да тренирам и не се откажувам, верував со моето семејство, моите родители дека ќе успееме и покрај големите пречки кои што наидуваа пред нас. Не сакав да застанам.

Потоа заминуваш во САД на тениската академија Болитиери.

Да така е. Следната фаза беше моето заминување во САД, затоа што морав да видиме до каде сум, што сум во однос на останатите во светот. Ситуацијата во земјата беше катастрофална поради војната, ембаргото, санкциите  и се што се случи во тој момент. Буквално егсистенцијата беше најважна и кој воопшто помислувал за спортот,а знаеме тенисот колку е скап. Луѓето се бореа да преживеат во тој момент. Зимата особено беше тешка. До терените не се доаѓаше така лесно, мислам на термините.И кога би дошол до термин,  греењето ќе беше исклучено, но и кој воопшто сакаше да помогне в тој момент,ако знаеш дека твојата земја е во војна.

Размислувавме дома кадe да продолжам да тренирам и каде ќе имам добри услови за тренинг. Дојдовме на идеја да одам во САД, на познатата академија на Болитиери. Мојот татко позајми пари од неговата сестра , мојата тетка за да може да ме испрати во САД. Кај мене неможеше да биде се лесно, затоа што во моментот водичот на патот не ме прифаќа во групата и мојот татко решава да одам сам за САД, затоа што веруваа во мене, имаа голема доверба со мојата мајка.

Бев одговорен како дете  и многу го ценев тоа што го правеа моите родители за мене во тој момент. Заминувањето во странство е многу важен сегмент во мојата кариера за да видам до каде сум во оснос на другите во светот.Таму кога стигнав имаше два начина како да се дојде до главните терени каде те гледа токму Болитиери. Едниот начин е да се плати и тоа висока сума на пари или да си најдобар во таа категорија и да ја имаш таа привилегија тој да те следи и гледа.

Јас се решив за втората опција да покажам колку знам и бвв еден од најдобрите млади тенисери со уште две млади момчиња каде поминвме неолку часа со Болитиери. Тоа беа некои знаци дека сум доволно добар и дека сум на добар пат, моето е само да тренирам и вредно работам.

Но повторно разочарувања. Санкциите беа голем проблем. На некои турнири поради тоа што бев од Србија и не добивав покана да учествувам на јуниорските турнири на најдобрите во светот. Не добивав виза од некои држави за да влезам на нивна територија. Во тој момент и мојот тренер ни откажува бидејќи добива понуда која е многу важна за него и неговото семејство. Се раскинува соработката со образложеие дека до тука можам и дека останува на моето семејство да реши дали ќе продолжи да вложува и верува во мене.Тогаш самиот си реков на себе, дека мора да го продолжам својот зацртан пат,  да уживам во тоа што го работам и дека нема назад.

Тој период многу читав книги и уште повеќе се едуцирав особено во сферата на спортската психологија. Секогаш постои фактор среќа, па така и во тој момент се организираше турнирот за деца од страна на Дејан Здравковиќ кој ми помогна во тој момент. Беше сопственик на првиот приватен тениски клуб Макс , каде што од време  на време тренирав на тој терен, кога ќе добиев шанса.

Секоја година водеше по 20 јуниори на Академија Себусобасет каде тренираа и ќе одиграа по некој меч.

1994 и 1996 година на турнир во Будва ги освоив титулите во сингл, дубл и мккс дубл. Тоа беше момент кога немав тренер ,буквално нигде ништо немав. Прашањето беше како понатаму. Токму Здравковиќ во тој момент ми органзира авионска карта за да заминам на оваа акдемија каде ќе тренирам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nenad Zimonjić (@nenadzim)

Наутро тренирав со јуниорите, попладне како знам и умеам да тренирам за себе. Најважно од се беше дека имав место и услови за работа и тренинг и ја прифатив понудата.

Тука е таа пресртница во мојата кариера каде го запознавам  Роберто Сегусо кој ми ги отвара видиците и ми дава верба дека се е можно во животот.

На тренинзите на академијата Сегусо, токму тој  шета повремено по терените и гледа како се работи со младите тенисери, ќе даде некој совет, ќе гледа да поправи нешто што во тој момент го има видено кај тебе и секој момент кога ќе се појавеше кај сите беше момент на воодушевување на тенисер кој бил некогаш број еден на светот во дубл и тенисер кој бил меѓу првите 20- те тенисери во сингл конкуренција.

Својата кариера ја има прекинато поради проблемите што ги имал со коленото.

Кај мене ја препозна таа посветеност и еднаш ми рече дека може тука да доаѓам кога сакам за да тренирам, се ќе ми биде обезбедено и ќе може непречено да работам. Се спријателивме, буквално ми бидна како постар брат. Проблемите не застанаа. Поради санкциите некои турнири неможев да ги играм, некои да, визите беа проблем и сите тие административни проблеми. Мојата генерација во тие јуниорски денови беше навистина силна каде подоцна имаме двајца тенисри кои станаа број еден на АТП листата Густаво Куертен и Карлос Моја. Не го заборавам Магнус Норман кој беше втор, Лапенти беше четврти, Филипусис, Ескуде  и многу други играчи кои подоцна направија големи кариери во тенисот.

Јас тоа време секогаш бев при врвот во категоријата до 18 години во светот, а морам да напоменам тогаш имав и победа над познатиот Андре Агаси.

Имаш поврзаност со Македонија, затоа што си голем пријател со Зоран Шевченко и Александар Китинов.

Јас во тој момент ги играв сите тие сателити и челинџери во соседството кои ги освојував во сингл и дубл. Партнер тогаш ми беше еве поврзаност со Македонија, Зоран Шевченко со кој освоивме неколку турнири како сателитот во Унгарија.Морам да го споменам турнирот во Кочани каде триумфирав во сингл и во дубл и имам убави спомени од Вашата држава, каде имам настапувано и во Скопје на челинџер турнир. Не го заборавам и Китинов со кој на турнирот во Сан Хозе од квалификации во дубл стигнавме до финале каде бевме поразени од двоецот Вутфорд и Вудбриџ во 1999 година. Со Китинов имаме настапувано и на Вимблдон каде стигнавме ако не се лажам до третото коло на престижниот турнир во 2001 година.

Морам да споменам дека за мене се подготвува и документарен филм чија идеја беше на еден американски продуцент Били Питерс кој ја има слушнато мојата животна и професионална приказна и реши да направи документарец со наслов “Пионир на српскиот тенис”, затоа што после распадот на Југославија во овој спорт  во Србија имаше една голема празнина пред да дојдат сите тие блескави моменти за кој живееме до ден денес.

Имаш уште еден голем рекорд зад своето име. Во Дејвис Купот имаш настапувано цели 26 години од играч до селектор.

За мене голема чест и привилегија е да се игра за репрезентацијата со која во Дејвис Купот дојдов со Србија и до титулата. Ние немавме среќа после распадот на Југославија да играме директно во Светската Група на оваа натпреварување, затоа што Хрватска во тој момент беше подобро пласирана од нас и го наследи местото во Светската Група.

Моравме да започнеме од најнискиот ранг на натпреварување и стартувавме во 1995 година од Сан Марино каде селекцијата беше составена од играчи кои беа постари од мене две или три години во состав Бојан Вујиќ, Горан Михајловиќ и Небојша Ѓорѓевиќ каде јас го одиграв првиот меч за репрезентацијата и од тогаш чекор по чекор дојдовме до најелитното друштво кое го освоивме подоцна и понатаму сме достојни репрезенти на тенисот и сме во самиот врв на Дејвис Купот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nenad Zimonjić (@nenadzim)

Во моменти бев и селектор и играч на националниот тим. Верував дека ќе дојде тој еден ден кога ќе се искачиме на победничкиот пиедестал. Се појавија како деца  со кои тренирав со нив, мислам на Новак Ѓоковиќ, Виктор Троицки, Јанко Типсаревиќ и останатите каде секогаш бев достапен за нив, за да ги гледам , да им помогнам, поделам некој совет, да им дадам поддршка ,се чувствував едноставно спрема нив како некој постар брат. Верувајте секогаш ми беше приритет репрезентацијата затоа што во моменти кога се поклопуваа некои силни тунири пред се финасиски богати , се решавав да играм Дејвис Куп, затоа што кај мене репрезентацијата буди посебни чувства и емоција. Статистиката вели дека во 26 години настап во Дејвис Купот имам пропуштено два пати еднаш поради повреда, а втор пат немаше потреба да излезам на терен за да играм затоа што мечот веќе беше решен во наша корист, и го отстапив местото на некој друг да заигра.

Кога сме кај Дејвис Купот, мора да те прашам кој формат на натпреварување повеќе ти се допаѓа, сегашниот или претходниот?

Нема споредба според мене каде далеку подобар формат на натпреварување е стариот. Затоа што пред се ја имате атмосфератата тимскиот дух, особено кога ги игравме мечевите пред домашната публика, нема поголема награда за секој натпреварувач. Тој систем беше поинтересен и понеизвесен за мене.

Кога ќе се спомене твоето име тоа е синоним за дубл играч. Како се реши за оваа промена?

Дубл заиграв затоа што се променија некои правила во тенисот. Дозволија тогаш сингл играчите да го користат своето место на ранг листата за да се пријават и за дубл. Порано постоеја две ранг листи, една за сингл , друга за дубл. Ако сакаш да играш дубл, се гледаше твојот ранкинг на дубл ранг листата. Навистина беше тешко затоа што се случуваше во тоа време ако играм во дубл во некое полуфинале, неможам да стигнам да ги стартувам квалификациите за следниот рунир во сингл. Еден период немав одиграно ниту еден сингл меч во цели два месеци или доколку добиев шанса да играм буквално беше од авион трчање, право на терен или имав многу краток период на адаптација. За да бидам сигурен дека ќе ги играм големите турнири без да зависам од ранкингот во сингл, се префрлив до дубл кога ме праша  тенисерот Леандер Паес да играме цела сезона заедно со него во 2005 година, тоа беше моментот кога пресеков.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nenad Zimonjić (@nenadzim)

Најблескавите моменти во оваа конкуренција ги имаш со Канаѓанецот кој има балкански корени Даниел Нестор. Бевте како казнена експедиција во тој период, газевте се пред себе.

Навистина е така и многу остваривме за четири години со него. 26 трофеи од кои два на Вимблдон. еден на Ролан Гарос, два завршни освоени Мастерси  и многу други турнири, дефинитивно историја. Мора да споменам дека имаме со него позитивен скор од 9-6 во победи против најдобриот можеби дубл на сите времиња браќата Брајан од САД. Со него се запознав во 1999 година на еден турнир. По потекло татко му е од Македонија, мајка му е од Србија. Кога Нестор имал 24 години се преселуваат во Канада. Уште од самиот почеток ме праша да играме во дубл и првиот наш турнир е во Дубаи во 2001 година каде стигнуваме до финалето на тој турнир. Тогаш ме праша да продолжиме да соработуваме каде одлично игравме до крајот на годината каде го освоивме турнирот во Лион. Што беше проблем тогаш. Пред да почне да игра со мене , Нестор веќе за наредната сезона се имаше договорено со предходниот партнер Марк Нолсом да играат заедно со образложение дека не знаел како ќе играме јас и тој , бијдеќи со него веќе играл и знаел како стојат работите. Шест години подоцна ние почнуваме заедно  да играме и освојуваме трофеи. За секој резултат треба време, посветеност и секако дисциплина, а најважното е љубов во тоа што го работиш.

Која титула во твојата богата кариера ти е најдрага или ти буди посебно чувство?

Дефинитивно Вимблдон и никој друг турнир неможе да се спореди со него. И тука морав по потежок пат затоа што играв со скршена рака во финалето, но добро се заврши го освоивме. Неверојатен е тој турнир. Традицијата, атмосферата, престижот буквално перфекција и свет за кој си сонувал. Голема привилегија за мене беше оваа година затоа што трета година по ред од 24 тенисери кои учествуваат на турнирот на ветерани добив покана од организаторот и со што уште  еднаш ми укажаа голема чест. Со два вештакчки колка го освоив турнирот за ветерани и уште еднаш покажав дека се е можно во животот кога се сака. После операцијата затоа сакав да игравм иако лекарите ме прашуваа што ти е, намали малку, но се случи и тоа заиграв и победив па макар тоа бил и турнир за ветерени (хахахаха).

Твојата големина во светот на тенисот ја покажува и почитта од твоите колеги кон тебе, од сите генерации.Тренираат со тебе, бараат совет, анализираат, го ценат твоето мислење и збор.

Да така е. Скоро на сите тенисери буквално им беше желба да тренираат со мене затоа што пред се мојот сервис беше еден од најдобрите во светот и тоа највеќе им значеше. Со сите се знам, почитуваат нема збор.Многу важен момент беше времето кога налетав на Боб Брет кој е еден од најдбрите тениски тренери на сите времиња кој го тренираше Борис Бекер и уште многу познати имиња подоцна. Со сите тие тенисери тренирав, седев до Брет, ги гледавме мечевите, анализиравме и така многу научив. Со сите познати тениски имиња тренирав без да размислам два пати и секогаш им бев на располагање и сум да им поделам некој совет како да ја подобрат својата игра. Едноставно уживам во тоа.

Најдобриот меѓу најдобрите – Новак Ѓоковиќ.

Новак е неверокатен пример за успешен и посветен спортист. Тој секогаш е отворен да учи, да напредува сака, да работи на себе и да се усовршува. Играше и налета во времето кога најдобриот тенис го играа едни од најдобрите во историјата на овој спорт Рожер Федерер и Рафел Надал.

Успеа да им се наметне, да го подигне нивото на игра, да освојува турнири и требаше време за да сите тие резулати ги оствари и постави рекорди кои ќе бидат недостижни барем засега за било кој тенисер во сите статистички категории.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nenad Zimonjić (@nenadzim)

Со освоениот златен медал во Париз влезе во историјата на оовој спорт меѓу петте тенисери на сите времиња кои имаат бувално се освоено, а тоа се Штефи Граф, Серена Вилијамс, Андре Агаси и Рафаел Надал. Секое време си носи свое бреме, но засега тешко дека некој ќе може да се доближи до сите тие резултати што ги постигна Новак,не барем во блиско време.

На крајот од нашиот денешен разговор, која е вистинската формула или клуч за успех во било кој спорт или сфера на живеење?

Едноставно е. Упорност, многу работа и пред се дисциплина. Немој да се ограничуваш во своите намери и цели или да останеш во својата конфорзона. Пробувај, види до каде можеш.  постави си цел, па потоа кога ќе ја стигнеш, постави си нова и не се откажувај лесно уште на првата препрека. Нормално е да имаш подеми и падови во животот, но продолжи не застанувај. Посвети се на тоа,  работи на себе секогаш може да биде подобро и подобро Патот до успех е мноху трновит, но мора така да биде, твое е да се вратиш посилен и посигурен во тоа на тоа што си се посветил. И не заборавајте дека на крајот на денот сакам сите да зборуваат и да ме паметат дека сум добар како човек, не само дека сум бил добар играч и тенисер, рече Зимоњиќ.

 

Интервјуто го реализираше:

Бошко Тасиќ – редакција kurir.mk

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нетанјаху ги отфрли тврдењата на САД дека прекинот на огнот во Газа е многу близу

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора да одговори зошто ја сокрил фирмата во Петрич од анкетниот лист

Latest from Blog

Средба Гаши – Курти: Двете држави споделуваат заедничка визија за стабилен Западен Балкан

Собраниската делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, која престојува во официјална посета на Република Косово оствари средба со претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.

Бугарите од Македонија: Нашето вклучување во Уставот на РСМ не може да се опише како „уцена“, „диктат“ или „пречка“ за европската иднина на земјата

Македонските Бугари до ЕУ, ЕП и властите во Софија: Не тргувајте со нашите права, Скопје не користи за да го уништи патот кон Европа Не дозволувајте бугарската заедница кај нас да стане

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички, ДУИ правеле дваесетина буџети и не покажале демократски капацитет

Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски којшто посочи дека поднесените амандмани од опозициските

Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и

Ибраими: Министерот Лимани од ниски политички причини го држи во заложништво отворањето на детска градинка во Арачиново и Липково

Градоначалникот на Арачиново го обвини минситерот за труд и социјала Фатмир Лимани дека намерно поради политички причини не ги отвора детските градинки во Арачиново и во Липково и покрај тоа што објектите
Go toTop