Немири во Холандија за време на новогодишната ноќ, приведени над 200 лица

January 1, 2024
1 min read

Од полицијата ги осудуваат немирите и велат дека ноќта била со сериозни инциденти и „неприфатливо“ насилство

Повеќе од 200 лица биле приведени од холандската полиција во немирите кои за време на новогодишната ноќ избиле низ целата земја, а биле повредени десетици полицајци, пренесува Ројтерс.

Од полицијата ги осудуваат немирите и велат дека ноќта била со сериозни инциденти и „неприфатливо“ насилство.

Полицијата во Ротердам соопшти дека таму биле запалени повеќе од 100 автомобили и други возила, додека во Амстердам, Хаг и други градови биле потребни полициски единици за немири за да се растера насилната толпа.

Единици за немири, исто така, биле користени низ целата земја за да им помогнат на противпожарните бригади кои биле нападнати со огномет додека се обидувале да изгаснат бројни пожари.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје: Министерот за здравство, Меџити, го посети првото бебе родено во 2024 година

Следно

Во куќа во с.Кучевиште пронајдено починато лице

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop