Нема шанси за минималец 500 евра во март?! – Трендафилов: Ако бидат безобразни, ќе бидеме побезобразни

February 12, 2025
1 min read

Минималната плата од 1 март во земјава ќе изнесува околу 24.400 денари колку што би било законското усогласување. За минималец од 500 евра за работодавачите нема шанси, но синдикалците не се откажуваат-не ја исклучуваат можноста од излегување на улица. Работодавачите не отстапуваат од законското усогласување, а Владата барем според нив не прифаќа да не наплати дел од придонесите за таа да се искачи на 500 евра.

„Ставот на Организација на работодавачи е дека не прифаќаме ништо повеќе од законското усогласување на Закон за минимална плата. Согласно последните објави некаде околу 24.400“, вели Ангел Димитров.

Тој предлог беше дискутиран на последната седница на Економско-социјалниот совет и беше предложен и од синдикатите, но беше кажано и од страна на премиерот дека владата не прифаќа исплата на плати без придонеси и министерот за финансии претходно кажа дека Владата не го прифаќа тој предлог.

Од ССМ наредната недела на Претседателство и Совет ќе одлучуваат за следните чекори. Не ја исклучуваат можноста од излегување на улица како и минатиот пат кога се биеше битката за минималецот.

„Тоа што Сојузот на Синдикатите на Македонија го направи кога работодавачите во приватниот сектор вака одбиваа зголемување на платите, а најмногу кукаат за задржувањето на работниот кадар, квалификуван работен кадар во Македонија, без да ги платат нема ниту да го задржат и затоа сметаме дека тоа што можат да го направат е да ги зголемат платите на сите работници за најмалку 6.000 денари на кои би биле ослободени од плаќањето на придонесите од задолжително социјално осигурување. Доколку бидат безобразни ќе бидеме уште побезобразни“, вели Слободан Трендафилов.

Предлогот за 500 евра минималец, кој го прифатија и синдикатите дојде од Комората на Северо-Западна Македонија. Идејата беше да не се плаќаат придонесите на разликата од законското усогласување до сумата од 500 евра.

Владата ги остави сами да се договорат. Но, официјално не се изјасни дали ќе прифати „простување“ на разликата во придонесите.  До крајот на месецов тоа ќе се дискутира на Економско – социјалниот совет.

„Во Министерството за финансии во наредниот период предмет на анализа од аспект на фискалните импликации врз буџетот и можностите за нивно реализирање ќе бидат сите предлози коишто ќе бидат официјално претставени пред Економско социјалниот совет на темата раст на минимална плата“, велат од МФ.

Само со законското усогласување на минимална плата, која би изнесувала под 400 евра, земјава останува со најнизок минималец во регионот. Според последните податоци од Сојузот на синдикати на Македонија, во моментов 25.000 работници земаат минимална плата која сега изнесува 22.500 денари.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Сѐ уште нема договор кој ќе управува со Скопската тврдина Кале

Следно

Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционери

Latest from Blog

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Божиновска за еМагазин: Скопската декларација поставува конкретни чекори кон зелена и стабилна енергетска транзиција

Во современото живеење, отпорен енергетски систем не значи само повеќе производство, туку паметна комбинација од безбедност на снабдувањето, економска достапност и еколошка одржливост. Токму оваа зелена транзиција беше во фокусот на 14.
Go toTop