„Нема потврда за учество на Лавров на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје“, вели Османи

November 13, 2023
1 min read

реклама


Можните кандидати за претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ за 2024 година ќе биде една од темите на Состанокот ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи попладнево во Брисел со кој ќе претседава високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Значи и денеска се одвиваат тие разговори. Во Брисел една од темите на Советот за надворешни работи е исто така ова прашање, односно кој е ставот на земјите членки на ЕУ по однос на кандидатурите на земјите членки. Упорно работиме, во комуникација сум со повеќето министри за надворешни работи. Се надеваме дека во текот на неделата ќе се расчистат одредени дилеми за да можеме да зборуваме за конкретно решение за иден претседавач. Доколку нема, веројатно одлуката ќе биде донесена во Скопје. Дали тоа ќе биде друга земја членка, дали ќе биде Северна Македонија, ќе одлучи Министерскиот совет во Скопје. Јас се надевам дека сите министри за надворешни работи ќе успеат да бидат присутни во Скопје, рече Османи во одговор на новинарско прашање, кој како претседавачот со ОБСЕ го отвори состанокот на Експертската мрежа на ОБСЕ во Скопје. 

реклама

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и дали ќе присуствува на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, Османи посочи дека се уште нема потврда за доаѓањето на Лавров во Скопје.

-Ние ги процесуираме барањата на сите членови на руската делегација за визи и за доаѓање во Северна Македонија. Во моментот кога ќе имаме решение сигурно ќе информираме, посочи министерот Османи.

реклама

Во однос на учеството на Русија на Министерскиот состанок на ОБСЕ, Османи минатата недела на средба со новинарите рече дека добил писмо од рускиот министер Лавров во кое покажал интерес и барање да се обезбеди негово присуство во земјава, но оти, во однос на тоа постојат, рече, одредени предизвици, бидејќи македонскиот воздушен простор е затворен за државни руски авиони.

На Министерскиот состанок на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје од 29 ноември до 1 декември ќе учествуваат 76 делегации од земји-членки и партнери на ОБСЕ, а се очекуваат околу 1.000 гости.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Северна Македонија се одржува состанокот на Експертската мрежа на ОБСЕ

Следно

Убивање цивили е американски стил на војување

Latest from Blog

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе
Go toTop