Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели Мицкоски

February 23, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му се одземени ингеренциите како што тврди ДУИ.

Според Мицкоски, од ДУИ и треба да се очекуваат „вакви теми, за јазикот, бројката, процентот“, зашто сигурно нема да излезат со некакви предлози за економска реформа, подобро образование или поквалитетно здравство.

-ДУИ ќе си тера вака, немојте да очекувате дека ќе излезе со предлог за некоја брилијантна економска реформа или како до подобро образование, поквалитетно здравство. Вакви теми ќе бидат – јазикот, бројката, процентот. Тоа ќе очекувате од ДУИ. Ние не сме заробеници на вакви демагогии од пред неколку декади. Тие живеат уште во тоа време кога почнале да се занимаваат со оваа работа. Мене и на Владата ни е најважно луѓето да живеат добро, тоа е нашата борба, ако некому му се допаѓа тоа е тоа, ако не му се допаѓа, ќе дојдат избори, ќе гласаат против нас, ќе дојде некој друг, СДСМ или друг и нека тераат. Нашата цел е добро да живеат сите граѓани, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Гази Баба.

Во врска со наводните партиски вработувања, повтори дека додека е тој на чело на Владата, ќе се вработуваат само компетентнти и луѓе кои ќе одговорат соодветно на работните места.

-Нема таква работа ниту ќе има додека сум претседател на македонската Влада. Ќе се вработуваат компетентнти и луѓе кои ќе одговорат соодветно на работните места. За партиски и етнички клучеви не треба да дискутираме, сме кажеле дека ќе напрваиме закон за да има правична етничка застапеност. Бадентерот е уставна категорија, ние мора да го усогласиме законодавството со уставната категорија. Некој може да седи и да си прави списоци, но додека сум премиер тоа нема да се случи, нагласи премиерот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Страшна несреќа во Скопје – се судриле четири возила кај гимназијата „Зеф Љуш Марку“

Следно

Футуристички возила претставени на Саемот за автомобили во Силиконската Долина

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop