Нема одговор од премиерот на писмото за газењето на правилата околу Скопје – европска престолнина на културата

February 21, 2025
2 mins read

Кристина Депо, која до крајот на минатата година беше раководител на проектот Скопје, Европска престолнина на културата 2028, на 20 декември 2024 година му испратила писмо на премиерот Мицкоски во врска со статусот на реализацијата на активностите поврзани со Скопје, ЕПК 2028.

Во писмото, кое е заверено дека е применот во Канцеларијата на претседателот на Владата, откако на почетокот објаснува што е Европската престолнина на културата со акцент дека целта на оваа ЕУ програма е да ги промовира и поврзе различноста на културите во Европа, да учествува во долгорочниот развој на градовите и да ја поддржи кандидатурата на земјите апсиранти за членство во ЕУ.  

За да се стекне со титулата „Европска престолнина на културата“, градот со таква амбиција треба да аплицира и да помине низ строг процес и да му бие одобрена програмата во која се дефинира целокупната стратегија и чекорите што треба да се преземат во 6 последователни години.

Врз основа на „Bid-book“ книгата со која аплицираше Скопје во која се наведени сите чекори, градот требаше уште во јули минатата година требаше да го формира Здружението „Скопје 2028“, преку кое ттребаше да се реализираат програмата и другите активности со кои е добиена титулата Скопје, Европска престолнина на културата 2028.

Понатаму во писмото до Мицкоски, Кристона Депо, го информира за сите претходни фази што доведоа до тоа градот Скопје да ја добие оваа престижна титула, кои отпочнаа уште во 2014 година. Како дел од овие активности во 2018 година е формиран тим од независни експерти, а во 2029 Универзална сала е назначена како институција носител на програмата заедно со „Канцеларија за Скопје, ЕПК 2028“ којашто до ден-денеска не е формирана.

Официјалното лого на Скопје-Европска престолнина на културата за 2028 година; Извор: skopje2028.mk

Од тогаш понатаму до денес, без никакво објаснување, се случуваат серија персолални промени иницирани од Град Скопје, посочува Депо, која информира дека таа е поставена на чело на координативното тело во јули 2023 година, по што на 20 септември на Скопје му беше доделена титулата Европска престолнина на културата.

Но, на големо изненадување, без претходно известување, градоначалничката на Скопје, како што вели Кристина Депо, ги прекинува контактите со неа, а во август им доставила информација дека поголем дел од членовите на работната група, веќе не се дел од тимот.

Кристина Депо понатаму во писмото до премиерот вели дека од тогаш претставници на Град Скопје, вклучително и градоначалничката започнуваат дејствија кои се во целот спротивни на оние утврдени во „Bid-book“ книгата врз основа на која Скопје ја доби титулата.

Следуваат неколку состаноци со Експертскиот панел на ЕУ кој ги мониторира работата на телото утврдено за реализација на активностите за Скопје, ЕПК 2028, на кои е изразена сериозна загриженост и сомнеж за подготвеноста на Скопје да биде носител на ЕПК 2028.

Уште повеќе, како што наведува Кристина Депо, претставниците на коментирале дека ова е најлош почеток на имплементацијата на ЕПК во неговата историја.

Депо уште го информира премиерот дека распишаниот јавен повик за избор на независни и стручни лица кој траел сам о два дена, повеќе од јасно говори за своеволноста на Град Скопје и за непочитување на вредностите и придобивките што оваа титула може да им ја донесе и на градот и на државата.

Отвореното писмо на Кристина Депо до премиерот Мицкоски, завршува со апел да се превенираат штетите од неисполнувањето на обврските на градот во однос на Скопје, ЕКП 2028 и тоа на повеќе нивоа.

Во писмото таа предупредува дека доколку не се интервенира на друго, инстотуционално ниво, Скопје ќе биде осиромашено за огромна можност која ќе го поттикне на патот да биде препознаен како европски град, а скопјани ќе бидат жртви на политички амбиции на поединци.

На локалната самоуправа ѝ се нанесува директна штета врз потенцијалите за аформација и развој, пишува Кристина Депо во писмото.

Во дописот до Мицкоски се потенцира дека „во ова специфично време, кога се води борба за наше членство во ЕУ, државата не смее да покаже, а уште помалку да дозволи непочитување и газење на европските правила, принципин и вредности.

Во комуникацијата со Кристина Депо, Рацин.мк праша дали таа добила било каков одговор од премиерот на ова предупредувачко писмо, но таа кусо и категорично напиша дека повеќе нема да дава никакви коментари кои се однесуваат на Скопје, ЕПК 2028.

Р. Р.   

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Монетарни движења: Пад на депозити и раст на кредити во јануари 2025

Следно

Битиќи: 500 евра минимална плата во овој момент е нужност

Latest from Blog

Рубио: САД предлагаат „историска“ резолуција на ОН за мир во Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД предложиле едноставна, историска резолуција до Обединетите нации и ги повикуваат сите земји-членки на Светската организација да ја поддржат со цел „да се исцрта мапата

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор

Акцелераторот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, набавен пред осум години сега веќе е монтиран и во употреба на располагање за пациентите, информираат од Клиниката…Оттаму додаваат дека низа подготвителни активности претходеле

Палестински институции: Израел ќе ослободи 620 палестински затвореници во најновата размена

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските власти денес ќе ослободат 620 палестински затвореници како дел од седмата серија од првата фаза од договорот за размена на затвореници меѓу Хамас и Израел, јавува Анадолу. Списокот

Политички тензии: Министерството за јавна администрација ги демантира наводите на ДУИ

Министерството за јавна администрација, односно Државниот управен инспекторат, најостро ги демантира лагите и манипулациите што Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги шири во јавноста. Обвинувањата дека Државниот управен инспекторат утврдил злоупотреба на службената
Go toTop