Нема никаква револуција, рече Вучиќ по обидот за влез во Градското собрание

December 24, 2023
1 min read

Приврзаниците на коалицијата „Србија против насилство“ (СПН), вечерва направија обрач околу зградата на градското собрание на Белград и се обидоа да упаднат во самата зграда. Имаше туркање пред влезот, а искршено е стаклото од влезната врата

Претседателот на Србија Александар Вучиќ имаше јавно обраќање по вечерашниот обид нa oпозицијата за влез во Градското собрание на Белград.

„Не грижете се, граѓани на Србија, иако сцените се драматични. Затоа што ја сакаме нашата земја и град, не сме навикнати некој да ни ги крши прозорците и да ни ја руши куќата. Не грижете се, бидејќи не е во тек никаква револуција, ништо од тоа нема да им успее. Се обидуваме да употребиме блага и мирна реакција за да не повредиме ниту еден од случајните демонстранти“,

рече Вучиќ.

Според него, на вечерашниот собир за кој смета дека бил помпезно најавен, се собрале 2 490 лица, додека во моментот на неговото обраќање имало 1 195 пред Градското собрание.

„Го покажаа вистинското лице. Со денови укажувавме дека се подготвени на тоа, бидејќи знаат дека народот не сака да ги гласа и никогаш нема да ја добијат довербата на народот. Со денови го предупредувавме и странскиот фактор, а многумина се правеа наивни“,

вели Вучиќ.

Приврзаниците на коалицијата „Србија против насилство“ (СПН) вечерва направија обрач околу зградата на Градското собрание на Белград и се обидоа да упаднат во самата зграда. Имаше туркање пред влезот, а искршено е стаклото од влезната врата.

Вечерва се одржува шестиот протест поради, како што тврдат демонстрантите, изборната кражба.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партијата на Албин Курти, партнер на ЕСП – Самоопределување на изборните листи во Македонија

Следно

Дали наклонетоста на граѓаните кон нерелевантни извори на информации е резултат на недоволен кредибилитет на медиумите? Одговара Џигал

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop