НЕМА ДА ПОВЕРУВАТЕ ШТО БАРА: Меган Маркл има цврст услов за смирување со принцот Чарлс, Вилијам и Кејт Мидлтон

April 13, 2024
1 min read

Меган Маркл, наводно, сè уште чека извинување од кралското семејство пред да се согласи да го придружува принцот Хари во Велика Британија. Веќе почнаа да се појавуваат дилеми за тоа дали војвотката од Сасекс ќе му се придружи на својот сопруг во Лондон во мај.

Кралскиот извор Том Квин смета дека принцот Хари би сакал да се смири со монархијата, четири години откако тој и неговата сопруга заминаа во САД, но дека Маркл сѐ уште не е за тој чекор.

„Хари би сакал да се смири. Но, тој целосно ја поддржува својата сопруга и додека таа не почувствува дека кралското семејство е доволно добро со неа и не ѝ се извинат за минатото, тоа нема да се случи“, изјави Квин за „Мирор“.

„Дојде до промена по болеста на Кејт. Хари и Меган чувствуваат дека треба да го подадат маслиновото гранче (симбол за мир), но чувството на незадоволство кај Меган сè уште спречува нешто да се случи“.

Наводно, војвотката од Сасекс сака да ѝ се извинат за тоа како била третирана од кралското семејство, чие однесување не ѝ се допаднало. Таа верува дека тие не го поддржувале нејзиното ментално здравје и дека постарите членови на кралското семејство се распрашувале за бојата на кожата на принцот Арчи.

Маркл зборуваше за ова во интервјуто со водителката Опра Винфри и во документарецот на Нетфликс за неа и нејзиниот сопруг, но сѐ уште чувствува дека ѝ должат извинување.

Се верува дека кралот Чарлс искомуницирал со војвотката од Сасекс со писмо откако таа упати наводи за расна нетрпеливост во монархијата, но таа ја одби поканата за крунисувањето на нејзиниот свекор минатиот мај.

Принцот Хари, наводно, едвај чека неговата сопруга и нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, да го придружат во Лондон за да може да ги поправи односите со кралот Чарлс и принцот Вилијам.

„Хари би сакал Арчи и Лилибет да имаат подобар однос со нивните роднини, па дури и со децата на некои негови пријатели“, изјави извор за „Дејли експрес“ претходно оваа недела.

„Тој има чувство дека премногу долго се далеку од Обединетото Кралство и сака да почне да гради живот овде. Не сака да биде тука постојано, но сака да има втор дом што ќе можат редовно да го посетуваат“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес ја погоди грчката провинција Тесалија

Следно

12 медицински сестри месечно ја напуштаат државата

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop