Нелегалните израелски доселеници искорнале стотици вековни маслинови дрвја во северниот дел на Западниот Брег

October 30, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Нелегалните израелски доселеници откорнаа стотици вековни маслинови дрвја во селото Карјут во северниот дел на Западниот Брег, изјави денес палестински земјоделец и активист, јавува Анадолу.

„Околу 2.000 дунуми (два квадратни километри) сега се речиси без маслинови дрвја откако доселениците исекоа стотици од нив“, изјави за Анадолу Башар ал Карјути, активист против населбите.

Тој рече дека земјоделците ги нашле дрвјата искорнати откако израелската армија им дозволила да се упатат кон нивните обработливи површини во близина на населбата Ели.

„Повеќето откорнати дрвја беа повеќегодишни“, додаде тој.

Земјоделецот Мохамед Бадави рече дека сечењето на вековните маслинови дрвја е вистинска катастрофа.

„Со години се соочуваме со заплашување и злоупотреба од израелските доселеници“, додаде Бадави.

Според палестинските податоци, нелегалните израелски доселеници извршиле околу 16.663 напади врз Палестинци и земји и имоти низ окупираниот Западен Брег, вклучително и источен Ерусалим, од октомври минатата година.

Тензиите се зголемени низ окупираниот Западен Брег поради бруталната офанзива на Израел врз Појасот Газа, во која се убиени повеќе од 43.100 Палестинци, главно жени и деца, од 7 октомври 2023 година.

Според Министерството за здравство, оттогаш израелските сили убија најмалку 763 Палестинци и повредија 6.300 во нападите врз окупираната територија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова: Законот за климатска акција и негова доследна имплементација ќе биде пресвртница во заштитата и унапредувањето на животната средина

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да истражи каде завршиле три милиони евра од набавката на уред во МЕПСО

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop