Некој е гласен на улица, некој е гласен со пари

July 4, 2023
1 min read

Кампањата за помош на семејството на полицаецот ја започна Жан Месија, медиумски лик и поддржувач на поранешниот претседателски кандидат Ерик Земур. На страната за донации стои:

„Поддржете го семејството на полицаецот на Нантер, Флоријан М. кој си ја работеше својата работа и сега за тоа плаќа голема цена.“            

По масовниот притисок од левичарски политичари и активисти да ја прекине кампањата, Гофундми одлучи да дозволи да продолжи собирањето на средства бидејќи тоа не ги прекршува правилата на сајтот. Во исто време се огласи и францускиот министер за правда, кој нема ништо подобри вести за противниците на кампањата порачувајќи дека „секој може да ги изрази своите чувства и да приложи кон фондот… но мислам дека во овој случај, тоа не оди во правец на помирување.“

Моментално собраната сума за полицаецот е 1,38 милиони евра по четири дена донации. Првичната цел беше да се соберат 50.000 евра. До сега за полицаецот се направени над 71 илјада донации.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мултимедијален проект „Сеќавања“ на Фунда Ибрахим, Батухан Ибрахим и Беди Ибрахим во галеријата на Македонскиот културен центар во Софија

Следно

Русија: Спречен украински напад на московскиот аеродром „Внуково“

Latest from Blog

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop