Неизвесно формирање влада во Австрија

September 30, 2024
1 min read

Крајно десничарската Слободарска партија на Австрија излезе како најголема победник на парламентарните избори во Австрија. Слободарската партија освои 28,8 отсто од гласовите, што претставува значително зголемување, речиси двојно во споредба со претходните избори. Тие сега ќе имаат 56 мандати, 26 повеќе отколку во 2019 година.

Владеачката Народна партија на Австрија е на второ место со 26,3 отсто, што претставува пад од 11 отсто во споредба со претходниот изборен циклус. Веднаш по победата Херберт Кикл од Слободарската партија ги посочи нивните приоритети.

– Изборниот резултат е доказ дека Австријците сакаат поцврста политика за националниот суверенитет и построги миграциски мерки. Ќе работиме за зајакнување на улогата на Австрија надвор од Европската Унија. – Херберт Кикл, Слободарска партија на Австрија.

Канцеларот во заминување Нехамер призна дека изборните резултати покажуваат значаен пад во поддршката за Народната партија. Во своето обраќање, Нехамер изрази загриженост поради слабеењето на поддршката, но истовремено нагласи дека е подготвен да ги анализира пораките на гласачите и да размисли за промени во стратегијата на партијата.

Со оглед на тесната победа, сепак прилично е неизвесна можноста Слободарската партија да формира влада бидејќи останатите партии не сакаат да коалицираат со нив. Тоа значи дека победата на слободарците нема да им донесе премиер но ќе преставува сериозен раст на нивната партија. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден од обвинетите на Вања и Панче во тешка состојба пренесен на клиника

Следно

Томовски: Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да
Go toTop