Негрижа за државните имоти и урбанистичко дивеење

June 7, 2024
4 mins read

Мицкоски го доби мандатот – прва цел двотретинско мнозинство
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го доби мандатот и има 20 дена да ја состави новата влада и да му ја предложи на Парламентот. За да биде изгласана е потребно просто мнозинство, односно 61 глас, што очигледно не е проблем.
Меѓутоа, со оглед на тоа што мандатарот има намера некои министерства да се укинат, некои да бидат нови, а некои да се реорганизираат, предложениот закон за ваквата нова организација на владата мора да помине во Собранието со двотретинско мнозинство, поточно, потребна е поддршка од 80 пратеници. Засега 78 се сигурни, а мандатарот е убеден дека ќе има уште најмалку двајца кои ќе го дадат својот глас.

Партнерите на ВМРО-ДПМНЕ, од „Вреди“ за Радио Слободна Европа брифираат дека сакаат пред формирање на владата да се изгласаат и законски измени, со кои ќе се спречат предвремени избори за градоначалници. Всушност, во оние општини, чии градоначалници станаа пратеници, до наредните локални избори, кои треба да се одржат наредната година во октомври, да има вршители на должноста.
Актуелните законски решенија предвидуваат дека предвремени избори за градоначалници не се организираат само доколку до редовните има помалку од шест месеци.

Државни имоти – сечии и ничии
Над 600 државни парцели чекаат упис во Катастар. Над 500 државни дуќани „заработуваат“ само прашина. Државни станови ги користат функционери без мандат. Нема единствен целосен регистар на државниот имот.
РСЕ во неколку наврати пишуваше како државата не се грижи домаќински за својот имот, a тоа го потврдува и најновиот ревизорски извештај.
Во строгиот центар на градот спроти старата железничка станица, две згради од проектот Скопје 2014-та, со години сведочат за неискористеноста на државниот имот. Едната од нив требаше да ја користи ЕЛЕМ, а другата е само половично искористена затоа што во задниот дел е сместена Регулаторната комисија за енергетика, МНАВ и Комисијата за хартии од вредност.
Празните простории кои се наѕираат од улицата Македонија укажуваат дека предниот дел од оваа зграда е неискористен.

Неискористени деловни простори во државата има вкупно 582. Станува збор за дуќани, односно деловни простории кои се во сопственост на државата, а кои не се издадени.
Според податоците од последниот ревизорскиот извештај повеќе од половина од не издадениот деловен простор е евидентиран како „спорен“ и ниту се издава ниту се продава, само собира прашина. Причините за тоа најчесто се нерешени имотно-правни прашања, незаконско користење, урнати или руинирани објекти или неосновано запишана приватна сопственост.
И становите кои што ги користат функционерите се проблематични, увиделе ревизорите. Според нивната анализа за минатата година од 88 корисници на службени станови, 33 не ги исполнуваат критериумите, односно, на некои им завршил мандатот, ама не ги враќаат становите.
Низ Северна Македонија има и голем број на државни објекти кои се напуштени и руинирани. Меѓу нив се и дел од државните вили во кои со години никој не стапнал во нив. Погледнете кои и каде.

ДУП-ови во интерес на инвеститори
Институциите не водат сметка ни за јавниот интерес, односно, за ставовите на граѓаните, па Деталните урбанистички планови ги прилагодуваат на желбите на инвеститори. Така е со децении, па никнуваат згради во градовите и каде што не би требало, па дури и не би смеело. И, нема крај…
Минатата недела Општина Аеродром ненајавено и со дополнување на дневниот ред во последен момент, усвои Детален урбанистички план за кој граѓаните сметаат дека ја „отвора пандорина кутија“ за дополнителна бетонизација на населбата и за создавање на урбанистички и сообраќаен хаос.

Но, ова е само најнов случај на граѓански отпор против изградба на згради во Скопје, за кои во последниве 20 години беа узурпирани паркови, сечени дрвја, а скопските населби добија и голема загаденост на воздухот. Граѓански отпор се случуваше во скоро сите скопски општини, но без успех.

Политиката е длабоко навлезена низ советите на општините, а мислењето на граѓанскиот сектор не се почитува и сите овие ДУП-ви поминуваат, вели архитектот Мишко Ралев – претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Заглавија автопатиштата што треба да ги гради „Бехтел и Енка“
Наместо градежна експанзија, експанзија на незадоволство се случува на дел од теренот на кој треба да се гради автопатот Прилеп – Битола, откако жителите на прилепско ја блокираа работата на американско -турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Прилепското село Ореовец е втора локација од почетокот на 2024 година на која работата е забавена или стопирана затоа што локални жители се противат на постапки преку кои треба да се подготви теренот за градење. Таму, жителите сега не пуштаат да поминат ниту механизација ниту работници за минирање и за ископ.
Пред пет месеци „бунт“ имаше и во селата Горна и Долна Бањица кај Гостивар. Проблемот во гостиварско настана поради експропријација на ниви за потребите на изградбата.

На техничките проблеми, проблемите со експропријација на земјиштето и сомнежите за коруптивни елементи во договорот се надоврзаа и судски постапки, поради што изградбата на делниците е неизвесна.
Дополнително, конзорциумот неодамна побара помош за да обезбедат 4.000 општи работници и инженерски кадар, кои ќе бидат потребни да се заврши проектот. Од Стопанската комора одговорија дека Комората не може да им понуди работници, туку само квалитетни компании кои под еднакви услови со конзорциумот можат да ја завршат работата на автопатиштата.
Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има нови планови за договорот со „Бехтел и Енка“, според тоа што го најави Христијан Мицкоски, иден премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на 16 мај. Тој рече дека има две опции за договорот – да се раскине или да се репреговара.
Инаку, овој договор не е ставен на увид на јавноста, не е познат голем дел од содржината. Антикорупциската комисија (од претходниот состав) предупреди дека токму ваквите договори со странските градежни компании отвораат простор за коруптивни активности од страна на оние што ги склучуваат.

Снема работници и во угостителството, отидоа на море
Трендот македонски работници, пред се од угостителството, летниот период да работат во Хрватска, се зголемува од година во година. Агенциите кои посредуваат за работа таму, велат годинава интересот е значително зголемен. 13.412 Македонци имаат работна дозвола летово да го поминат во Хрватска. Разговаравме со некои од нив пред заминувањето.

Избори за Европскиот парламент и можно свртување во десно
Од 6 до 9 јуни се одржуваат избори за Европскиот парламент. Во 27-те земји-членки на ЕУ можат да гласаат околу 370 милиони луѓе.Граѓаните на ЕУ избираат 720 пратеници за следните пет години кои доаѓаат од сите земји-членки. Според анкетите, се предвидува дека ќе има зголемување на она што нашироко се нарекува популистичка десница. Некои од нив изразуваат проруски чувства.

Доколку сте заинтересирани за добивање на њузлетерот на вашиот мејл, секој петок, пријавете се ТУКА. Можете и да им го препорачате на пријателите. За сите сугести и забелешки можете да ме контактирате на мејл [email protected]

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сите ги користевме нивните производи: Германски гигант по 200 години работа престанува со производство

Следно

Судан: Силите за брза поддршка убија 22 цивила во Омдурман

Latest from Blog

Приватните превозници во Скопје се исклучија од сообраќај

Приватните превозници ги повлекоа автобусите од сообраќај поради неразгледувањето на нивното барање за зголемување на таксата по километар на денешната седница на Советот на Град Скопје. Барањето било поднесено до претседателот на

Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ сакаат хаос на улиците, одбиваат на дневен ред да го ставаат барањето на приватните превозници

За да се продлабочи кризата во јавниот градски превоз, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје одбиваат на дневен ред да го стават барањето на приватните превозници , за зголемување на надоместот за

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“

Започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ фондови за одржлива енергија

Активно работиме и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и енергетска независност на земјата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, на отворањето на

Укинат притворот на Горан Весиќ

Укинат му е притворот на Горан Весиќ, поранешниот српски министер за градежништво, неофицијално дознава Нова.рс. Горан Весиќ беше уапсен минатата недела поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, кога
Go toTop