Нефер трговски практики, петмина од антимонополска ќе се борат против нечесните трговци

January 4, 2025
1 min read

Комисијата за заштита на конкуренцијата, попозната како Антимонополска, од 1 јануари годинава по дојава ќе може да ги чешла договорите меѓу производителите, добавувачите и трговците за да открие дали има неправилности според Законот за забрана на нефер трговски практики. Контролата ќе треба да ја спроведат петте челна на Комисијата кои поради нефункционалноста на веб страната на Комисијата, не може да видиме кои се.

„Инаку Комисијата ќе работи, ќе може да влезе во фирмите да ги проверува договорите по дојава и така натаму. Значи, се она што ќе биде констатирано како неправилност ќе може да биде и казнето. Казната е висока, 20 илјади евра.“, изјави Марјан Ристески.

Законот беше донесен лани во март, стапи на сила во септември,а трите месеци до 2025 беа период за прилагодување на производителите, добавувачите и трговците. Од 1 јануари 2025 ќе се ловат 26 нефер практики, меѓу кои и да се спречи да има уцени од страна на големите, доминантни трговци кон дистрибутерите и производителите да не смеат да ги продаваат производите кај помалите трговци под цената која е кај големите играчи. Сепак, главната цел на Законот е да не можат трговците да им бараат рабат на производителите и на дистрибутерите над 10%.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дивите таксисти си возат, инспекторите си „спијат“

Следно

Во Суматра се одржа традиционалната трка со бикови во кал

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop