Недостигот на кадар ја кочи индустријата – компаниите вложуваат во младите

October 22, 2025
2 mins read

Недостигот на квалификувани кадри станува најголемиот предизвик на индустријата. Компаниите насочени кон одржлив развој сè повеќе сфаќаат дека вистинската инвестиција не е само во опрема и технологии, туку во луѓе.

Денес, кога индустријата се соочува со хроничен недостиг на квалификуван кадар, вложувањето во младите не е само општествена одговорност тоа е прашање на опстанок. На панелот „Патот кон одржлив развој во рударството“, во рамки на конференцијата „Подекс – Повекс 2025“, претставниците на индустријата потенцираа дека образованието е клучот за одржливо производство и за задржување на младите во земјата.

Инвестиција што останува дома

 

„Социјалната одговорност е исто толку важна колку и еколошката“, изјави Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Рудникот за бакар Бучим.
„Ние вложуваме во образованието, даваме стипендии, овозможуваме практична настава и креираме кадар во локалната заедница. Тоа е вистинската одржливост кога младите остануваат во земјата и се вклучуваат во индустријата.“

 

Недостигот на кадар, додава Карапетров, е сериозен предизвик со кој се соочува целиот сектор:
„Голем е недостигот на кадар и тоа многу нè погодува. Последниве години започнавме со програми што имаат конкретен резултат. Прво воведовме дуално образование, потоа почнавме со доделување стипендии, а веќе три години по ред ученици доаѓаат кај нас на пракса во текот на годината. Лани тоа беа ученици не само од средно, туку и од основно училиште.“

Резултатот, според него, веќе е видлив младите се мотивирани да останат и да се развиваат професионално дома:
„И годинава четири деца практикуваат геологија кај нас. Ги земавме да работат затоа што завршуваат средно образование и сакаме да создадеме кадар во заедницата кој ќе им помогне не само на нас како компанија, туку и на другите локални заедници. Да, важно е да се помага, но образованието во моментов треба да го добие целото внимание. Треба да ги задржиме младите во Македонија, затоа што имаме одлив на кадар буквално се ’тепаме‘ со компаниите кој кого ќе земе.“

Од училишна клупа до инженерски професии

Истата грижа ја сподели и Андреј Кепески, менаџер за експлоатација на каменоломи и развој на минерални суровини во Цементарница Усје:
„Ивица е во право и ние се соочуваме со истиот проблем. Затоа го започнавме проектот ‘Иноваториум: клуб на напредни знаења и вештини’, каде што вклучуваме деца од седмо и осмо одделение,“ објасни Кепески. „Им покажуваме инженерски вештини, процеси на производство и им го приближуваме светот на индустријата на начин што ќе им биде интересен. Целта е да им го привлечеме вниманието додека се млади, за кога ќе дојде време за избор на професија – да размислат за насоките што ги нуди техничкото образование.“ Проектот, според него, е вистински пример за корпоративна општествена одговорност со долгорочно влијание:
„Имаме наша работилница и секој што сака може слободно да дојде.“

Образованието како темел на одржливоста

Двете компании, Бучим и Усје, покажуваат дека индустријата и образованието мора да одат рака под рака. Преку дуално образование, стипендии и иновативни програми со младите, тие го градат кадарот што ќе го движи рударството, градежништвото и производството во следните децении.

Општествено одговорните компании вложуваат во иднината во знаењето и во љубопитноста на децата. Не можеме да очекуваме квалификувани инженери ако не почнеме да го градиме интересот уште од мали нозе.

Затоа, можеби највредната инвестиција денес не се машините туку знаењето што останува дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кварталните извештаи на американските компании покажуваат најдобри резултати во последните четири години

Следно

Во текот на вчерашниот ден на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 250 мигранти

Latest from Blog

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Преспа (ФОТО)

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Преспа, содржи 8 фотографии за овој крај значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, која е авторско дело

Коњановски: Време е за модернизација и инвестиции во битолските претпријатија

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во обраќање до граѓаните истакна дека јавните претпријатија се соочуваат со предизвици кои влијаат на нивната работа и дека е потребно да се подобри нивната ефикасност и

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Ленче беше дел од криминалната мрежа на СЈО и сега наместо да се извини глуми жртва

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица,

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска не е жртва, туку дел од проблематичниот систем

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица

Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ: Провалил во станот каде што живее со ќерките, реагирала полиција

Полицијата пристигнала во Дедиње, а според информациите на српски „Курир“, по околу дваесет минути, Душко Тошиќ наводно ја напуштил куќата во придружба на двајца униформирани полицајци. Откако го забележал присуството на медиумите, наводно
Go toTop