„Недела на македонската култура“ во Тирана од 7 до 13 април

January 31, 2025
1 min read

Во албанската метропола, Тирана, од 7 до 13 април ќе биде одржана „Недела на македонската култура“.

Настанот ќе се организира по залагањата на в.д. амбасадорот на државава во Албанија, Љуфтим Спахиу, директорката на македонскиот КИЦ во Тирана, Емилија Попивода, и познатиот македонски активист Ендрит Фетаху, кои во изминатите денови имаа повеќе средби со претставници на Албанија од кои е добиена целосна поддршка.

-Целта на оваа многу значајна манифестација е промоција на македонската култура, туризам и економија. Меѓу многуте активности во познати објекти во Тирана, како што е и познатата „Пирамида“, ќе има настапи од сферата на културата, промоција на познатото македонско вино и храна, туристички понуди за нашите убавини, кои секој треба да ги види и ќе посака повторно да ги посети. Во овие денови центарот на Тирана, плоштадот „Народни херои“ ќе биде обоен во црвена и жолта боја, со илјадниците македонски знамиња, потврдија за МИА од Македонската амбасада.

Не го кријат задоволството што наишле на целосна поддршка од соговорниците, меѓу кои и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, заменик-градоначалникот Анди Сефери, како и од Министерството за економија, култура и иновации.

-Поставивме одличен план за соработка во полето на културата меѓу двете земји, можности за културна размена и соработка меѓу уметниците. Со поддршка на Министерството ја започнуваме организацијата на манифестацијата „Недела на македонската култура во Албанија“. Задоволни сме што градот Тирана ја даде своја поддршка за македонските културни настани, напиша Попивода во објава на социјалните мрежи.

Финансиската конструкција на оваа манифестација е 20 илјади евра, при што 80 отсто од средствата ги обезбедува општина Тирана.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Денес се отвора преминот Рафа за транспорт на повредени лица“, соопшти египетски официјален претставник

Следно

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии се стабилни, професионално и посветено се работи во сите институции на реализација на буџетот согласно планираното

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop