Небиу за ТВ 24: Индикативно е што партиите што се на власт го третираат изборниот процес како четиригодишен тендер со мастер-буџет

January 10, 2024
1 min read

Изјавата на премиерот е класичен обид да се смени темата за да дискутираме за нешто од терцијарно значење, кој чив роднина бил. Проблемот е друг. Небото не е поделено, тоа не е железница. Во континуитет се појавуваат вакви проблеми. Индикативно е што партиите што се на власт го третираат изборниот процес како четиригодишен тендер со мастер-буџет па партиите можат да го спроведуваат тој тендер тие четири години како што сакаат. Не покажуваат слих за мислењето на јавноста, а не мислам ни дека интервенциите на амбасадорите не допираат до нив, а за тоа е најдобар приказ изјавата на премиерот, вели политичкиот аналитичар Бесим Небиу во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

– Целиот наратив дека вака се прави европски фронт и дека тој оди рака под рака со партизација тогаш тешко ќе помине кај јавноста. Ако ова е Европа тогаш нешто не е во ред, додава Небиу.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на Еквадор ја прогласи земјата за „внатрешен вооружен конфликт“

Следно

Лазаров: Се боревме, но не беше доволно

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop