Небиу: Интересна е идејата за избор на претседател во Собранието

February 23, 2024
1 min read

Идејата за избор на претседател во Собранието не е нова, туку практична и функционална во некои држави од регионот, оценува политичкиот аналитичар Бесим Небиу во интервју за Алсат.

„Имајќи ги предвид овластувањата на претседателот, верувам дека тоа е и практично решение. Но, да одиме на етничко ниво, идејата носителот на една од трите главни функции, односно претседател, премиер и претседател на парламентот да биде од второто мнозинство како што најави г. Таравари и г. Ахмети, мислам дека е интересна идеја која може повеќе или помалку да го дефинира текот на кампањата која сега почнува“, рече Бесим Небиу, политички аналитичар.

Небиу оценува дека ДУИ била принудена да излезе со свој кандидат на овие претседателски избори со оглед на кандидатурата на албанските опозициски партии. Според него, незадоволството што оваа партија му го изразила на претседателот Стево Пендаровски во однос на законот за коцкање било само изговор.

„ДУИ беше горе-долу принудена да излезе со свој кандидат во овој претседателски циклус. Причината е кандидат поддржан од пет консолидирани партии, што во случај да даде голем резултат би создал психолошка и практична предност во кампањата што би ја пренел во атмосферата на денот на изборите по две недели, во вториот круг на претседателски избори но кој е прв круг од парламентарните избори. Тоа се многу поважни избори“, додаде тој./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДОБИЛ ОТКАЗ ПОРАДИ ТОА ШТО ИМАЛ ПРОФИЛ НА ОВАА СОЦИЈАЛНА МРЕЖА – Бешикташ не сака фудбалери кои бараат девојки на платформи за +18 (ФОТО)

Следно

Апелација ја одби жалбата на одбраната, таткото на Вања Ѓорчевска останува во притвор

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop