Не стивнува интересот за купување станови, зголемена побарувачка на станови во Штип

February 25, 2024
1 min read

Македонија бележи рекорден раст на цените на недвижностите во последните три години, но и покрај тоа побарувачката за станови, посебно во градот под исарот останува голема. Во Штип постојано се градат нови станови, но и постојано се купува.

И во време на криза продолжува тенденцијата на зголемена купопродажба на станови во земјава. Зголемена побарувачка на станови е забележана и во градот под Исарот, па оттука прашањето кое се поставува е, од каде пари, ако постојано се вели дека е немаштија?

 

Дека интересот за купување станови не стивнува потврдуваат и од Агенциите за недвижнини, од каде за ТВ 24 велат дека големата побарувачка се должи на поволните стамбени кредити кои ги нудат банките, со рок на отплата до 40 години за младите брачни парови, но и на зголемениот број странски и домашни студенти во универзитетскиот центар на истокот. 

 

Сосема спротивна е пак состојбата со куќите, додава Катарова, која посочува дека побарувачка за куќи има, но е многу мала. Инаку, цената на становите во Штип најмногу зависи од атрактивноста на локацијата и достигнува и до 1.500 евра за метар квадратен.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Турската одбранбена индустрија испишува историја“

Следно

Дачиќ со протестна нота за Хрватска поради атмосфера на омраза кон Србија

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел
Go toTop