Не се исполни желбата на Трамп: Судењето ќе му почне во мај 2024 година

July 21, 2023
1 min read

Експретседателот бараше судењето да почне во ноември в година – после изборите, а обвинителите сакаа процесот да стартува уште годинава

Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Судењето на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, за лошо постапување со доверливи документи, ќе започне пролетта следната година.

Судијката Ајлин Канон го закажа судењето за 20 мај 2024,наспроти Трамп кој бараше процесот да започне во ноември идната година односно по претседателските избори на кои Трамп претендира повторно да биде кандидат на републиканците. Обвинителите, пак, бараа судењето да започне уште оваа година.

Датумот што го одреди судијката, значи дека сега ќе се поклопи и со кампањата на експретседателот која тој период се очекува да биде во полн ек.

77-годишниот Трамп се соочува со сериозни обвиненија поради чување на доверливи документи од Белата куќа во неговиот дом во Флорида.

Обвинителството тврди дека тој незаконски постапувал со доверливите податоци откако ја напуштил функцијата, а ги попречил и обидите на владата да ги добие документите.

Поранешниот претседател, пак, тврди дека е невин и за случајот тврди дека е креиран за да се уништи неговата изборна кампања.

Доверливите документи кои ги чувал Трамп, како што пренесоа медиумите претходно, се однесувале на: нуклеарните програми на САД, одбранбените и вооружени способности, потенцијалните слабости на САД и сојузниците при евентуален воен напад и планови за евентуална одмазда како одговор на напад од странски сили. Според деталите кои беа објавени, на неговиот луксузен имот во Палм Бич на Флорида дел од нив биле пронајдени и во салата за бал и во бањата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Србија: Невремето повторно го затвори аеродромот во Белград, падна кран во Нови Сад

Следно

Српски медиуми: Загина дете во Нови Сад

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop