Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

July 1, 2026
1 min read

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа симпатија кога игра некој од регионот и е причина повеќе да се гледа, да се навива и да се коментира секоја акција. А навивањето кај нас ретко е само спорт. Тоа е дружење, убедување кој е подобар, спорење околу судиските одлуки, предвидување резултати и многу енергија околу една топка.

Токму од таа атмосфера тргнува и актерот Стефан Николовски, кој инспирацијата ја преточи во шеговитото видео „Како си зборуваат екс ју државите меѓу себе“. Во видеото, Стефан влегува во улога на различни карактери од регионот и покажува како тие се обидуваат да се договорат заедно да ги бодрат Босна и Хрватска. Сите се разбираат меѓусебно, барем додека не се појави некој збор што секој го толкува на свој начин.

 

Ама такви се и најдобрите фудбалски вечери кај нас: малку се зборува на различни „јазици“, малку секој има свое толкување на ситуацијата, а на крај сите завршуваат околу иста маса. Некој анализира тактика, некој се нервира за судијата, некој предвидува резултат, а некој само прашува што ќе се јаде. И токму тогаш, храната станува дел од навивањето исто колку и коментарите пред телевизор.

Затоа Wolt тука не влегува како пауза од натпреварот, туку како дел од него. Додека се чека следната акција, додека се убедувате дали беше офсајд или не, храната и пијалаците можат да стигнат до врата без некој да го напушти најважното место во вечерта, каучот пред телевизорот. Покрај ресторанските нарачки, навивачите преку Wolt можат да нарачаат и грицки, храна и пијалаци од супермаркети, односно сè што е потребно за добра спортска забава пред екраните. Никој не мора да оди до дуќанче, никој не мора да го пропушти пеналот, а масата сепак се полни навреме.

И можеби токму тоа е најточниот опис на match-day вечер од нашиот простор: малку збрка, многу навивање, добра храна и доволно причини никој да не го пропушти следниот гол.

Ако, пак, во жарот на навивањето парчето пица случајно полета кон телевизорот, не се вознемирувајте дека ќе го пропуштите следниот натпревар. Отворете Wolt и проверете ја понудата со електроника — можеби токму таму ве чека новиот екран за следниот match-day.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(Видео) РЕКИ ОД ЛАВА НА ПАДИНИТЕ НА СИЦИЛИЈА – Еруптираше Етна, најголемиот вулкан во Европа

Следно

Денеска на Мундијалот: БиХ на мегдан со Американците, двојна пресметка меѓу Европа и Африка

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop