Не одете по гости често деновиве – Детската клиника преполна, 120 деца се хоспитализирани со грип

January 7, 2025
1 min read

За еден ден во болницата за детски болести во Скопје биле прегледани 110 пациенти. Сезонскиот грип го пополни речиси целиот болнички капацитет во педијатрија. На Клиниката се хоспитализирани пациенти со потешки симптоми или хронични дијагнози. Во моментов лежат околу 120 деца, меѓу кои и бебе старо 10 дена, вели доктор Мејдин Ибраими. Според него, поради ризик од немање слободни кревети, пациентите кои се на крајот од лекувањето и терапијата се пуштаат дома за да можат да се хоспитализираат други пациенти.

„Вчера во текот на денот на контрола имаше околу 110 деца, а во нашата болница околу 21 прием. Капацитетите се речиси полни, но во консултација со специјалистите во нашата клиника, некои пациенти кои се при крај со лекувањето ги ослободуваме да го продолжат лекувањето во домашни услови за да ослободиме дел од креветите, кои ни се потребни, бидејќи во моментов не се знае во никој случај, под кои услови може да дојдат пациенти кај нас, односно со посериозна клиничка слика, за да не ги враќаме, ги примаме во нашата болница“, вели Мејдин Ибраими.

Симптомите како високи температури, секрет од носот и грлото и блага пневмонија се вообичаени за грипот, вели д-р Ибрахими кој вели дека нема простор за дополнителна загриженост. Тој апелира периодов да не се оди многу по гости, за да се заштитат децата и постарите лица, бидејќи токму така се пренесува грипот.

„Симптоматологијата е иста како и кај сезонскиот грип кој најчесто го имаме оваа сезона. Нема место за паника, сите родители да ги следат препораките на лекарите, повеќе симптоматска терапија дома, повеќе витамини, аспектот на доаѓање и одење, повеќе да се изолира, детето да остане дома, да нема многу движење на луѓе“, вели Мејдин Ибраими.

Лекарите препорачуваат и во овие денови со екстремно загаден воздух да се избегнува непотребно излегување и да се носат маски. Слична е состојбата со грипот и во другите градови во земјава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова: Се надевам дека најдоброто од нас ќе се разбуди на овој ден

Следно

Израел потпишa договори во вредност од 276 милиони долари за производство на тешки бомби

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop