Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ, му рекол бугарскиот министер на Муцунски

February 15, 2025
1 min read

Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ. Ваква порака испратил бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, до неговиот колега Тимчо Муцунски, на состанокот на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Во дописот на бугарското МНР за средбата, се наведува дека се разговарало за билатералните односи помеѓу двете земји.

„Министерот Георгиев истакна дека добрососедските односи се критериум во процесот на евроинтеграциите. Тој нагласи дека за градење добрососедство потребна е доверба, отворен дијалог, предвидливост и исполнување на обврските“, соопшти бугарското МНР.

Георгиев, како што се додава во соопштението на бугарската институција, бил дециден дека ставот на Бугарија во однос на европската интеграција на Република Северна Македонија е јасен и конзистентен.

Тамошното МНР потсетува дека европскиот компромис од 2022 година вклучува комплекс на мерки и нивното целосно спроведување е единствениот пат напред. На средбата било истакнато дека вклучувањето на Бугарите, на рамноправна основа со другите народи, во Уставот на Република Северна Македонија е само првиот чекор, чиешто спроведување ќе му овозможи на Скопје да ги почне преговорите за членство.

Претходно за средбата со соопштение излезе и македонското МНР. Од тука информираа дека на состанокот меѓу двајцата министри станало збор за билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на државата од страна на Бугарија, и правата на македонското малцинство во Бугарија.

Министерот Муцунски, како што велат од МНР, изразил жалење што, наместо развој на добрососедската политика, односите меѓу двете земји остануваат оптоварени со билатерални спорови, опишувајќи ги како непринципиелна пречка на македонскиот евроинтегративен процес.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа, Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Следно

Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција: Не заборавајте дека Македонија за да стане член на НАТО, го промени името!

Latest from Blog

Македонката убиена во Пјаченца претходно контактирала адвокатка за семејно насилство: „Жртвата ми пишуваше и ги бришеше пораките“, вели Катерина Котеска-Стисниовска

По грозоморното убиство на 56-годишната Милена Витанова во италијанскиот град Пјаченца, јавноста ја потресе и емотивната објава на адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска, која со години работи на случаи поврзани со семејно насилство. Таа

Проданоски: Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува младите и хуманите активности

Во Прилеп денеска се одржа Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1), во организација на Црвениот крст, настан кој ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста за помош во критични ситуации.

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност бара постојана адаптација на економските политики

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го
Go toTop