Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

April 15, 2024
1 min read

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

– На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови вакцини против ХПВ

Следно

„Е УШТЕ ТАА ИМ ФАЛЕШЕ, ДРАГАНА НЕ ГО ДАВАЈ СИНОТ“: Старлетата позната по оралното задоволување му коментираше на синот на пејачката, тоа што следуваше е ХИТ

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска за МИА: Буџетот останува насочен кон економски раст и поддршка

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од
Go toTop