НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

November 25, 2024
1 min read

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата.

Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти од натпреварот, во кој Портланд победи со 104-98, по што беше исклучен.

При напуштање на теренот, Ванвлит со вербален испад покажа со прст кон сите тројца судии.

– Ванвлит е казнет поради судир и користење вулгарен речник кон судиите при крајот на натпреварот против Портланд, соопшти НБА.

Кошаркарот на Хјустон го заврши натпреварот со осум поени, а оваа сезона на 17 натпревари имаше просек од 14,5 поени, 4,3 скокови и 6,1 асистенции.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Следно

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop