Навивачите гневни на ФИФА поради цените на билетите за Мундијалот

December 13, 2025
1 min read

ФИФА објави дека примила пет милиони барања за билети за Светското првенство во 2026 година во првите 24 часа од третата фаза на продажба. Тоа ја истакнува „извонредната“ глобална побарувачка, и покрај растечките критики од навивачките групи за превисоките цени на билетите, објавува фудбалскиот портал Goal.

Барањата дојдоа од навивачи од повеќе од 200 земји и територии откако продажбата се отвори на почетокот на неделата, што беше и првата можност да се купат билети за одредени натпревари по ждрепката од минатата недела. Турнирот, за потсетување, ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 17 јули следната година.

ФИФА ги користи бројките како доказ за големиот интерес за првото Светско првенство со 48 национални тимови и не покажува намера да ги преиспита цените и покрај критиките. Навивачките групи низ Европа ја обвинија ФИФА дека ги исклучува обичните навивачи со своите цени, а организацијата Football Supporters Europe (FSE) ги нарече цените „изнудувачки“ и повика на запирање на продажбата додека не се ревидираат.

Просечниот навивач би морал да потроши богатство за да го следи својот тим до финалето, што очекувано предизвика гнев.  Како што е наведено, навивачите би морале да издвојат околу 7.000 долари за да го следат својот тим во текот на целиот турнир.

ФИФА откри дека трите земји домаќини ја водеа побарувачката во првите 24 часа, по што следуваат Колумбија, Англија, Еквадор, Бразил, Аргентина, Шкотска, Германија, Австралија, Франција и Панама. Од натпреварите во групната фаза, средбата меѓу Колумбија и Португалија во Мајами на 27 јуни, каде што можеше да се појави и Кристијано Роналдо, генерираше најмногу барања.

Голем интерес има и за натпреварите Бразил – Мароко (Њу Џерси), Мексико – Јужна Кореја (Гвадалахара), Еквадор – Германија (Њу Џерси) и Шкотска – Бразил (Мајами).

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Следно

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Latest from Blog

Истрагата за полицајците во „Пулс“ запрена – Експертите критикуваат: Обвинението создава магла, не правда

Запрена е истрагата за 11 полицајци и раководители, кои беа сомничени во случајот „Пулс“ за кривичното дело „предизвикување општа опасност“ со смртни последици. Одлуката од Обвинителството е донесена откако е проценето дека

Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ Банка најтргувани – МБИ10 со раст од 0,40%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На денешната берзанска сесија од 29 јануари 2026 година, индексот МБИ10 забележа раст од 0,40%, достигнувајќи ниво од

Мицкоски: Почната е постапката и обезбедено е финансирањето за 150 електрични автобуси, со конкретни чекори работиме на намалување на аерозагадувањето

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз, со
Go toTop