Наутро студено, преку ден сончево и натпросечно топло

February 6, 2024
1 min read

Времето денеска наутро ќе биде со услови за појава на мaгла понекаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на работната недела дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината иако постепено ќе опаѓаат.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчевски повика 35 ракометарки за двомечот со фаворитот Шпанија

Следно

Виктор Панчевски назначен за нов в.д. директор на ЈП Водовод и Канализација

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop