Наумовски во Аргумент плус: Добро би било посетата на Кошта да е од суштинско значење за Македонија

May 15, 2025
1 min read

Универзитетскиот професор Васко Наумовски во Аргумент плус рече дека, би било добро посетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта да е од суштинско значење бидејќи Македонија е во застој подолго време. Според него, зацврстувањето на Европската унија е можно со нејзино проширување.

„Би било добро доколку овие посети се од суштинско значење бидјеќи ние сме во застој подолго време. Оние развојни процеси кои ги гледаме во руско – укрианската војна и не можноста да се постигне пошироко европско единство ја наметнуваат идејата ЕУ да се прошири и да ја зајакне нејзината улога. Во тарнс-атланските односи кога САД се повлекуваат од доброто партнерство ЕУ е исправена пред предизвик да ја зајакне својата улога а тоа може да се постигне со зацврстување на внатрешното единство и преку нејзиното проширување со нови држави членки како државите од Западен Балкан или државите од источна Европа“, рече Наумовски.

Тој зборуваше и за евроинтеграцискиот процес на Македонија.

„Доколку тргнеме од претпоставката дека нема да го промениме Уставот, еден начин е да ја убедиме Бугарија дека тој процес ќе оди паралелно со преговорите и да дојде до промена на Устав со одложено дејство. Тоа решение може да се постигне во една билатерална комуниакција со Бугарија а вториот начин е самата ЕУ да најде начин да ја заобиколи употребата на правото на вето ако сака“, додаде Наумовски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Се појавува нов геополитички поредок со Турција во неговиот центар

Следно

Од Јакреново до Женева: Приказната на Авни Насуфоски, амбасадор во ОН кој претставува 35 земји!

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Омерагиќ: ЛЕД екран долг 210 метри ја модернизира националната арена

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Меџити: Континуирана поддршка од ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, денес оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на Европскиот парламент, во рамките на континуираниот дијалог со

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на
Go toTop