Наумоф: Македонците од дијаспората мораме да бидеме обединети, инвестирајте по примерот на Крис Павлоски

September 28, 2025
1 min read

Џери Наумоф, поранешниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции, е добитник на специјалното признание „Македонско наследство во јавната служба“, доделено на гала вечерта по повод 20-годишниот јубилеј на Обединетата македонска дијаспора – ОМД, што се одржа во Детроит, на која присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

-Мораме да бидеме обединети за да преживееме. Постојано се делевме, се расправавме – зошто вака си го пишуваш името, зошто не зборуваш подобро македонски, да не си од Грција. Не, сите сме Македонци. Ако се обединиме, Македонците од ширум светот, од дијаспората, и нашиот народ во Македонија, ќе имаме шанса да ги оствариме соништата на нашите претци, за силна, слободна и успешна Македонија, изјави Наумоф, кој беше министер од 2013 до 2017 година.

Тој сега е член на одборот на директори на компанијата Рамбл, во сопственост на Крис Павловски, која инвестира во татковината.

Како што јави известувачот на МИА, Наумоф ги повика Македонците од дијаспората да инвестираат во својата родна земја или барем да се пензионираат и да ја посетуваат.

-Тоа ќе ни помогне да ги донесете свежите идеи од новиот свет. Инвестирајте ако можете, како Крис, како многумина други. Македонија е одлично место за таму да ја преместите логистиката на вашата компанија. Гледам се повеќе и повеќе камионџиски компании на Македонци од Чикаго, кои имаат стотици камиони, наместо логистиката и администрацијата да им биде во Чикаго каде што е ненормално скапо и не можете да најдете добри работници, да имаат канцеларии во Струмица, во Битола, во Скопје. Ќе ангажирате млади луѓе кои се навистина паметни, сакаат да работат, сите знаат по два-три јазици, рече Наумоф, кој основаше сервисна компанија во земјава која работи за американски клиенти.

Тој укажа на сведоштвата на многу млади Македонци кои работат во сервисни компании за странски клиенти, кои велат дека доколку вакви работни места не биле достапни кај нас, сигурно ќе ја напуштеле татковината.

-Тоа е проблемот на Македонија. Загубивме и губиме премногу млади луѓе, рече Наумоф, повикувајќи ги Македонците да инвестираат во татковината.

На претседателката Сиљановска – Давкова од страна на коосновачот и почесен претседател на ОМД Мето Колоски и беше доделена наградата „Глобален државник“, додека таа ѝ ја врачи наградата „Ќерка на Македонија“ на Мариен Илич, признание што го доделува ОМД.

Четириесет млади припадници на македонската дијаспора ширум светот, успешни и влијателни во своите професии и заедници, се стекнаа со наградата „40 под 40“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Црвените линии се празни зборови ако нема одговорност за оние што го уништуваат македонскиот идентитет

Следно

Полска ги подигна борбените авиони и ги затвори аеродромите поради руските напади

Latest from Blog

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Лондон за шарената новогодишна парада

Повеќе од 8.000 изведувачи учествуваа во манифестацијата долж рутата од Пикадили до Вајтхол во Вест Енд, која вклучуваше марширачки бендови, акробати и свечени платформи, пренесе ДПА. Толпите луѓе им пркосеа на ниските

Вознемирувачко видео: Се појавија нови снимки од Кран-Монтана – луѓето панично бегаат!

Светот е згрозен од новите детали за катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде според италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, бројот на загинати се искачи

МЗ ги разгледува можностите за медицинското згрижување во Македонија на повредените од Швајцарија

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана. Во таа насока,
Go toTop