Научно докажано: Кои се најпаметните раси кучиња?

February 28, 2024
1 min read

Обемно лабораториско истражување за интелигенцијата на кучињата коешто го спроведоа научници од Универзитетот на Хелсинки во Финска, ги именува најпаметните раси. На првото место е белгискиот малиноа овчар кој освои 35 од 39 поени – оваа раса често е користена од полицијата.

Меѓу нив имало единки од граничарски шкотски овчар, белгиски овчар, англиски кокер шпаниел, германски овчар, златен ретривер, лабрадор и голем број мешани раси.

За да дојдат до своите научни заклучоци, стручњаците спроведоа низа од 10 когнитивни и бихејвиорални тестови. Меѓу другото, тие ги проучувале способностите на животните „да читаат“ човечки движења, да решаваат проблеми и да помнат информации. Испитувањата опфатиле илјадници кучиња од различни раси.

Така, еден од тестовите има цел да провери колку кучињата се независни… Тука животните имаа задача да најдат начин да земат храна од запечатена кутија.

Според истражувањето, второто место го зазеде шкоткиот овчар (бордер коли) – доби 26 од 39 поени. На место број 3 се најдоа кучињата од расата ховаварт (25 поени).  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се снима „Бриџит Џонс 4“: Ќе ја видиме Рене во најубавата улога

Следно

Законските измени за платите не ги опфаќаат сите функционери

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop