Националниот парк „Шара“ полн со мали депонии – Шукова вели дека чистењето би било залудно фрлени пари

November 1, 2023
1 min read

реклама


Иако е национален парк, на Шар планина има десетина мини депонии. Повеќето се во близина на селата каде и самите жители фрлаат отпад. Министерката за животна средина, Каја Шукова вели дека чистењето на депониите во овие зони се залудно потрошени пари, бидејќи, според неа, за неколку месеци повторно ќе се наполнат со отпад.

Општина Тетово очекува прашањето со депониите на Шар планина да го реши новиот приватен партнер за собирање на отпадот, кој што предвидува отпадот да се собира и во планонските села со што жителите ќе имаат каде да го фрлаат отпадот.

реклама

„Општина Тетово, како што се запознаена јавноста, разви физибилити студија и е во процес склучувањето партнерство со нов приватен партнер за менаџирање на отпадот на цела територија на Тетово. Приватниот партнер ќе менаџира со отпадот во градот но има изготвено детален план и за фрлањето отпад во сите населени места кои гравитираат околу општина Тетово“, вели Бесарта Рамадани.

Чистењето на депониите на Шар планина предизвика обвинувања и контра обвинувања меѓу општина Тетово и Институцијата Национален парк. Општината обвини дека иако министерството издвоило средства, отпадот на Шара не е исчистен. Додека пак од Националниот парк велат дека во повеќето села од општина Тетово, Боговиње и Теарце не се  собира отпадот.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заздравувањето на Нејмар ќе трае околу 10 месеци

Следно

Тетовските пензионери одржаа протест на плоштадот, не отстапуваат од барањата за повисоки пензии

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop