НАТО на состанок за нуклеарните капацитети на Алијансата

June 13, 2024
1 min read

Претстојниот Самит на НАТО и поддршката за Украина, главни теми на средбата на министрите за одбрана на Алијансата, кои денеска и утре ќе се сретнат во Брисел.

Средбата почнува со состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, по што ќе се одржи заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за одбрана. За утре пак се закажани разговори за нуклеарните капацитети на Алијансата.

„На овој состанок на министрите за одбрана ќе ја зајакнеме нашата поддршка за Украина, ќе ја зајакнеме нашата одбрана и ќе испратиме силна порака за одвраќање до нашите противници. Во рамки на министерскиот состанок ќе се состане групата за нуклеарно планирање, на која сојузниците ќе разговараат за тековното прилагодување на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина. Како што се појавуваат предизвиците, нуклеарната мисија на НАТО останува иста: да го зачува мирот, да спречи принуда и да ја одврати агресијата.“ – изјави Јенс Столтенберг генерален секретар на НАТО.

За првиот човек на Алијансата, средбата доаѓа во критичен период за Украина и предупредува дека доцнењето во обезбедувањето воена помош за украинските сили оставиле последици на бојното поле. Дводневниот состанок ќе се искористи и за подготовка на план за воени набавки кој би требало на биде одобрен на Самитот во Вашингтон.

Со планот, се очекува да се зголеми военото производство на одбранбената индустрија и да се задоволат потребите на НАТО согласно новите одбранбени планови.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија изврши рација во бегалскиот камп Акаба Џабер на Западниот Брег

Следно

Ало, ИЈЗ дали се слушаме?!

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop