НАТО многу сериозно ги сфаќа настаните во северниот дел на Косово

June 18, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – НАТО многу сериозно ги сфаќа настаните во северниот дел на Косово и КФОР, предводен од НАТО, ги презема сите неопходни мерки за да осигури безбедно и мирно опкружување и слобода на движење за сите заедници во Косово, пренесува Анадолу.

„Посветеноста на КФОР, НАТО, спроведувањето на својот мандат според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, непоколеблива е, како што се покажа со неодамнешното распоредување на 500 војници“, соопшти Оана Лунгеску, портпаролката на НАТО.

„Уште еднаш ги потсеќа сите страни на нивните обврски кон КФОР според Воено-техничкиот договор, вклучувајќи и почитување на административните гранични линии, процедурата за Косовската полиција и Договорот од 2013 година за распоредување на Косовските безбедносни сили во северниот дел на Косово“, наведе Лунгеску на социјалната мрежа Твитер.

Како што истакна Лунгеску, овие обврски се дизајнирани со цел да обезбедат координирана акција, да се избегне ескалација и да се сочува безбедно и мирно опкружување.

Претходно КФОР најостро ги осуди нападите на новинарите во северниот дел на Косово, додека ја извршувале својата професија.

„Слободата на медиумите и слободата на изразување се основните вредности кои мораме да ги почитуваме. Ги повикуваме сите страни да се воздржат од понатамошно насилство или акции кои можат да доведат до понатамошни ескалации и да се осигури медиумите да можат безбедно да ја извршуваат својата работа“, наведоа од КФОР.

Потсетија дека по инцидентот од 29 мај, кога во напади кои не беа неиспровоцирани, повредени се голем број мировници на КФОР, трупите на КФОР се распоредени околу зградите на општините во северниот дел на Косово за да се спречат понатамошни судири.

КФОР останува трет одговорен, а Косовската полиција останува одговорна за обезбедување на владеењето на правото низ Косово.

Исто така, командантот на КФОР е во редовен контакт со сите свои главни колеги, вклучувајќи ги и претставниците на институциите и безбедносните организации на Косово, како и со претставниците на војската на Србија, Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС), ОБСЕ и дипломатската заедница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челси ќе понуди 120 милиони евра за Кварацхелија!

Следно

Во Судан почна нов тридневен прекин на огнот пред донаторската конференција

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop