НАТО испраќа контејнери како привремено засолниште за погодените по земјотресите во Туркије

February 20, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – НАТО ја продолжи поддршката за Туркије откако 600 контејнери за привремени засолништа беа испратени во областите погодени од земјотресот, соопшти Алијансата, пренесува Анадолу.

„Трговскиот брод со првите 600 контејнери за привремено засолнување на НАТО за погодените од земјотресите во Туркије – од вкупно над 1.000 – го напушти пристаништето во Таранто, Италија, во неделата вечер“, се вели во соопштението на НАТО.

Во соопштението се наведува дека пратката ќе обезбеди привремено засолниште за најмалку 4.000 луѓе погодени од неодамнешните разорни земјотреси.

„Во Искендерун се очекува да пристигнат следната недела, а поставувањето на кампот се очекува да започне откако опремата ќе биде истоварена и предадена на земјата“, се нагласува во соопштението.

Меѓу другото, НАТО соопшти дека го координира стратешкиот воздушен пренос на шатори од Пакистан во Туркије.

Во знак на солидарност, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во четвртокот ја посети Туркије и разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Според последните официјални податоци, најмалку 41.020 луѓе ги загубиле животите во двата силни земјотреси што на 6 февруари ја погодија јужна Туркије.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентри во Кахраманмараш погодија 11 области, во кои се засегнати повеќе од 13 милиони луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Акар: Турските војници се со жртвите од земјотресот уште од првиот момент

Следно

Герасимовски: Во среда се носи одлука за основање претпријатие за производство и продажба струја

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот
Go toTop