НАТО испраќа контејнери како привремено засолниште за погодените по земјотресите во Туркије

February 20, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – НАТО ја продолжи поддршката за Туркије откако 600 контејнери за привремени засолништа беа испратени во областите погодени од земјотресот, соопшти Алијансата, пренесува Анадолу.

„Трговскиот брод со првите 600 контејнери за привремено засолнување на НАТО за погодените од земјотресите во Туркије – од вкупно над 1.000 – го напушти пристаништето во Таранто, Италија, во неделата вечер“, се вели во соопштението на НАТО.

Во соопштението се наведува дека пратката ќе обезбеди привремено засолниште за најмалку 4.000 луѓе погодени од неодамнешните разорни земјотреси.

„Во Искендерун се очекува да пристигнат следната недела, а поставувањето на кампот се очекува да започне откако опремата ќе биде истоварена и предадена на земјата“, се нагласува во соопштението.

Меѓу другото, НАТО соопшти дека го координира стратешкиот воздушен пренос на шатори од Пакистан во Туркије.

Во знак на солидарност, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во четвртокот ја посети Туркије и разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Според последните официјални податоци, најмалку 41.020 луѓе ги загубиле животите во двата силни земјотреси што на 6 февруари ја погодија јужна Туркије.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентри во Кахраманмараш погодија 11 области, во кои се засегнати повеќе од 13 милиони луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Акар: Турските војници се со жртвите од земјотресот уште од првиот момент

Следно

Герасимовски: Во среда се носи одлука за основање претпријатие за производство и продажба струја

Latest from Blog

Килијан Мбапе заврши во болница

Килијан Мбапе (26) има акутен облик на гастроентеритис и е хоспитализиран за да се подложи на разни тестови и да добие соодветен третман. Мбапе почна да се чувствува лошо по тренингот во

ВИДЕО: Инцидент во Советот на Општина Кочани, општинска службеничка удрена со шише во глава

На денешната 65-та седница на Советот на Општина Кочани се случи инцидент, а избегната е физичка пресметка. Инцидентот настана по вербална расправија меѓу советникот Аки Акиов и координаторот на советничката група на

Земјоделците стравуваат од суша, експерти: Вода имаме не ја користиме правилно

Земјоделците од државата во неизвесност и страв од сушно лето. Експертите велат имаме вода но не ја користиме правилно тоа секое лето доведува до сериозни последици со десеткуван род кај повеќето земјоделски

Израелската армија уби уште најмалку 71 Палестинец во Појасот Газа кои чекале хуманитарна помош

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија денес уби уште најмалку 71 Палестинец во Појасот Газа, меѓу кои и неколку лица што чекале храна и хуманитарна помош, соопштија медицински извори, јавува Анадолу. Според медицински

Политичка одмазда или прекршок?! Директорот на „Комуналец“ Кичево реагира за кривичната пријава

Случајот со депонијата во Кичево доведе до поднесување кривична пријава против директорот и четворица вработени како камионџии во општинското претпријатие што управува со отпадот. Според соопштението на МВР, директорот Зенел Јонузи се
Go toTop