Наставниците во Арачиново се уште без регрес – Ибраими: Пропустот е во управата на училиштата

December 26, 2023
1 min read

реклама


Наставниците и професорите годинава за првпат го уживаат право на исплата на регрес или како што е познато во јавноста, тринаесетта плата. Но, наставниците од основните училишта во Арачиново се уште не го добиле регресот за крајот на годината. Наставниците од ОУ „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ велат дека Министерството за финансии и ги пуштило средствата на општината, но општината се уште не ги префрлила во училишните буџети. Иако рокот за исплата на регрес е до утре, поточно до 27 декември, наставниците стравуваат дека ќе останат без истиот. Официјален одговор бараат од општината.

-Општината како општина оцени дека проблемот е наводно во училиштето. Како училиште имаме документирано е врз основа на документи, законски и институционално, дека проблемот не е кај нас. Сега за причините зошто средствата остануваат во општината и не им се даваат на наставниците, на различни начини сме информирани, ние како наставници не можеме да разбереме каде лежи проблемот. Од која причина?-вели Локман Ајдари.

-Да бидам искрена, рокот е до утре. Од страна на општината ни рекоа дека до денеска ќе ни дадат одговор, но се гледа дека само ги одложуваат деновите, од денеска за утре. Ова го кажуваат веќе две недели. Овде сме собрани за она што ни припаѓа. Ништо друго не бараме освен од општината каде што ни се парите. Размислуваме и за бојкот доколку не се изврши плаќањето, иако тоа не е вистинското решение-изјави Лифе Рамадани.

Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими вели дека исплатата зависи од управата на училиштето. Според него, надлежните од училиштето не ги ни предвиделе средствата од ноемвриското покачување на платите.

-Имаше исплата од буџетскиот сектор во училиштето „Ѓ.К.Скендербег“. Не се предвидени потребните средства за ноемвриската плата годинава. Во тие средства, за да ја реализираме ноемвриската плата, требаше да ги издвоиме средствата од регресот, за да ја реализираме платата. Бидејќи средствата ги обезбедивме на комплементарен начин со одлука на советот и за регресот, но Министерството за финансии не ни дозволи да ги префрлиме средствата на соодветна сметка за да се реализира регресот-изјави Ридван Ибраими.

Ибраими ветува дека исплатата на регресот ќе се изврши во текот на месец јануари, штом се најде вистинскиот начин во соработка со Министерството за финансии. Друга пречка за трансферот на средства според Ибраими е процесот на одвојување како субјект на основното училиште „Абдил Фрашери“, за што од наредниот период средствата ќе се пуштаат во посебен буџет. Наша екипа го посети и ова училиште, но директорот и наставникот не сакаа да зборуваат бидејќи, како што велат, постигнале вербален договор.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Учениците во Тетово ги губеа првите два часа, професорите ја бараат ноемвриската плата! МОН: Платата е пуштена денеска

Следно

Прогласени победниците на 14. Mеѓународeн фестивал за анимиран филм „Анимакс“

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop