Нашата обврска за валидаторите на ЈСП заврши во јануари, велат од словенечката Маргенто

August 22, 2024
1 min read

Актуелните проблеми со системот за електронска наплата на билети и нефункционалните валидатори во возилата на ЈСП неоправдано се поврзуваат со компанијата Маргенто од Словенија, преку објавување фотографии од валидаторите од наше производство, велат од оваа компанија и нагласуваат дека нивните обврски кон ЈСП завршиле уште во јануари годинава.

„Маргенто, како глобален дизајнер и имеплементатор на решенија за наплата во јавниот превоз, ги разбира потребите и проблемите на граѓаните, но сите обврски на Маргенто кон ЈСП Скопје завршија на 31.01.2024 година. ЈСП Скопје во постапка за јавна набавка, во која предмет не беше набавка и испорака на нова опрема, туку само одржување на постојната опрема, одбра друг понудувач за периодот од февруари 2024. Исто така, сакаме да истакнеме дека новите ‘заштитени’ валидатори кои се инсталираат во возилата на ЈСП Скопје и сѐ уште не се во функција, не се од наше производство. Оттаму, целосно е некоректно актуелните случувања и проблеми во јавниот градски превоз да се отсликуваат со прикажување на фотографии од опремата од наше производство, во момент кога функционалноста и одржувањето на истите е обврска на новоизбран економски оператор. Поради сето ова, ја известуваме јавноста дека нашата компанија нема никаква поврзаност со актуелните случувања и ги молиме медиумите моменталните проблеми во јавниот градски превоз да не ги илустрираат со фотографии од нашата опрема“, велат од компанијата за фотографиите кои ЈСП Скопје ги објави на нивната фејсбук страница.

Компанијата Маргенто, заедно со Македонски Телеком, во 2014 година имплементираше напреден систем за електронска наплата на билети во возилата на ЈСП Скопје и на приватните превозници.

„Овој систем беспрекорно функционира веќе десет години. Во тој период, со голема посветеност и постојан развој овозможивме ЈСП Скопје да изврши наплата на билети во износ од над 100 милиони евра, а картичката СКОПСКА стана симбол на јавниот градски превоз“, се вели во реакцијата.

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) вчера појаснија дека е во тек надградба на Системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП и приватните превозници, согласно договорот со конзорциумот, софтверската компанија „Аитоникс“ – Македонија.

Поради оваа причина новите валидатори се во моментов заштитени, бидејќи сè уште не се во функција, а со цел да се заштитат до моментот додека не се заврши втората фаза во сите автобуси – соопштија од ЈСП.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Специјализантите кои ќе се пријават на сајтот на МЗ ќе имаат предност да бидат вработени во местото каде што живеат

Следно

ПОЕЗИЈАТА НЕ Е САМО ПЕСНИ, ТУКУ Е И НАЧИН НА ЖИВОТ КОН КОЈ СИТЕ ТРЕБА ДА СЕ СТРЕМИМЕ, РЕЧЕ ВЕНЦЕНОСЕЦОТ ЖАН ПЈЕР СИМЕОН ПРЕД ВЕЧЕРАШНОТО ОТВОРАЊЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

Latest from Blog

Центарот за култура – Битола: Културното срце што чука со над 300 настани годишно

Центарот за култура – Битола во 2025 година, со организација и реализација на традиционалните фестивали, голем број иновативни и нови манифестации, концерти, филмски проекции и со значаен број посетители и гости, ги

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат
Go toTop