Андоновски: Специјализантите кои ќе се пријават на сајтот на МЗ ќе имаат предност да бидат вработени во местото каде што живеат

August 22, 2024
1 min read

Во Клиничка болница – Штип недостасуваат лекари специјалисти на сите одделенија, а проблемот со недостигот на стручен кадар низ регионалните болнички центри ќе почне да се решава со вработување на приватните специјализанти, истакна денеска заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски при посетата на Клиничката болница – Штип.

Андоновски појасни дека сите специјализанти кои што ќе се пријават на сајтот на Министерството за здравство ќе имаат предност да бидат вработени во местото или регионот каде што живеат.

– Во врска со проектот за специјализнти исто поразговаравме, го знаете проектот за вработување на 300 специјализанти ова година. Се договоривме со менаџментот да бидат повикани сите специјализанти кои гравитираат тука да им се понуди одредена работа, работни места, за да не ни одат во странвство младите доктори и да може овде да ги задржиме, затоа што има многу потреба. Затоа што има голем недостаток на кадар, вели Андоновски.

Во штипската Клиничка болница недостиг на кадар има на сите оддели, но како што вели директорот на Клиничка болница – Штип Владко Захариев, најалармантно е на Одделението за ортопедија и трауматологија за кое постои опасност да остане само со двајца ортопеди.

Захариев информираше дека на Клиничката болница во Штип во 2023 година биле извршени над 20.000 амбулантски прегледи, 800 приеми, како и околу 600 операции.

– Специјалисти во сите одделенија има недостаток на специјалисти. Како пример ја земав само работната единица ортопедија и трауматологија. Тоа е работна единица во која што има четири специјалисти, едниот е со продолжување на договорот за работа, другиот денес достави барање за продолжување на работа. Што значи дека во краткор период можеме да останеме само со двајца ортопеди, а статистички погледнато треба да се знае дека за 2023 година работна единица ортопедија има над 20000 амбулантски прегледи има 800 приеми и околу 600 операции, изјави Захариев.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин тврди дека Украина се обидела да ја нападне нуклеарната централа Курск

Следно

Нашата обврска за валидаторите на ЈСП заврши во јануари, велат од словенечката Маргенто

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop