НАСА откажа мисија на Месечината

July 18, 2024
1 min read

Американската Национална воздухоплловно-вселенска администрација – НАСА вчера соопшти дека сепак нема да го испрати својот ровер „ВИПЕР“ на Месечината. Одлуката за преиспитувањето и откажувањето на проектот е донесена поради преголеми трошоци, можни идни зголемувања на трошоците и одложувањата на датумот на лансирање.

Проектот, наречен „Испарлив испитувачки поларен ровер за истражување“ (Volatiles Investigating Polar Exploration Rover – ВИПЕР), „ќе биде прекинат по сеопфатен внатрешен преглед“, соопшти НАСА. Месечевиот ровер ќе биде демонтиран и деловите ќе се користат за други намени.

– Нашите идни патишта максимално ќе ја искористат технологијата и работата вклучени во ‘ВИПЕР’, притоа зачувувајќи ги критичните средства за поддршка на нашето робусно месечево портфолио, изјави управителот на НАСА, Никола Фокс.

Според државната агенција, роверот првично требаше да биде лансиран кон крајот на 2023 година, па лансирањето мораше да се одложи за оваа година, па за во септември 2025 година… Лансирањето беше планирано да се изврши со помош на приватната вселенска компанија „Астроботик“.

„ВИПЕР“ беше предвиден за на Јужниот пол на Месечината, со цел да собира примероци од почвата на нашиот природен сателит за испитувања. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турската Фондација Маариф ги презеде училиштата кои работеа под покровителство на ФЕТО во Буркина Фасо

Следно

Димитровска: Ја побаравме поканата на Владата од Вашингтон за да се провери кои лица биле на неа

Latest from Blog

Министерката Божиновска најави продолжување на попустите на горивата до 6 април

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со
Go toTop