Податоците од НАСА покажуваат дека меѓуѕвезденото тело „3-И / АТЛАС“ забрза и малку има отстапено од својата патека откако стигнал до најблиската точка до Сонцето. Во меѓувреме, НАСА има фотографија од вселенското тело, но сè уште не ја објавила.
Податоците на НАСА за положбата и движењето на кометата покажуваат дека таа неочекувано се приближила до Сонцето. Всушност, таа го врти курсот назад во правец на Земјата. Исто така, забрзала енормно во споредба со својата првична брзина кога беше забележана во Сончевиот Систем. Тоа се движел со брзина од 209.000 километри на час во јули, но откако достигнало перихел на 29 октомври, забрзал и сега се движи со 244.000 км/ч. Наводите потврдуваат дека нешто го поместило телото од својата првична патека. Сепак, агенцијата има едноставен одговор за тоа: Гравитацијата на Сонцето „го оттурнала“ токму кога стигнал до перихелот. Од друга страна, пак, некои научници не се толку сигурни во тоа.
НАСА потврди дека движењето на кометата е променето. Во тоа време, „3-И / АТЛАС“ не беше видлива од Земјата бидејќи „се криела“ во светлоста на Сонцето.
Засега нема стравувања за можен судир со нашата планета.
Научникот од Харвард, Ави Леб очекува објектот да има облак од гас и прашина околу себе со тежина од најмалку 5 милијарди тони. Астрономите сè уште не пронашле докази дека „3-И / АТЛАС“ испуштил толку гас за да биде квалификуван како комета. Меѓутоа, ако тоа не се случи, тогаш нешто друго го движи и тоа може да е надворешен погон. Тоа би го објаснило и ненадејното зголемување на брзината.
Последниве денови тој потисок се намалува и тоа не е поврзано со гравитацијата на Сонцето, според НАСА. Сѐ тоа би можело да биде поврзано со можно губење на маса од најмалку 13 отсто во близина на Сонцето, бидејќи тоа би создало гас со којшто кометата веројатно би постигнала поголема брзина. Но, ова е само претпоставка, бидејќи астрономите сè уште не виделе докази за овој феномен. Натаму, „3-И / АТЛАС“ сега станува видлив од Земјата, но најдобрите слики ќе се појават до крајот на ноември и во декември, кога уште повеќе ќе се приближи до Земјата.
Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ е во потрага по овој масивен облак од гас и прашина, по што научниците, се очекува, би го одредиле составот и сегашната состојба на ова меѓуѕвездено тело.
Извор: kurir.mk


